25.01.2012, 18:31 Едиторијал
ВМРО-ДПМНЕ не зборува за Милошоски
Горан Адамовски
Партиите имаат една интересна навика: не прават муабет кога не им оди во прилог. Тогаш го забошотуваат случајот, те тераат да зборуваш за друго, се обидуваат да те натераат да заборавиш.
На пример, ВМРО-ДПМНЕ секој ден прави прес-конференции или испраќа соопштенија на разни теми, важни и неважни. Во текот на денот уште еднаш или двапати испраќаат соопштенија до медиумите во кои се бранат или напаѓаат по прес-конференциите или соопштенијата на СДСМ. И обратно. Ако некоја партија намириса крв, тогаш нема пуштање. Секој ден по сто пати ако треба ќе се труби за истата работа.
На владејачката партија не и' е тешко цела недела да пука кон лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски поради неговата одлука од пред пет години, кога беше претседател на државава, да го помилува проблематичниот Александар Верушевски.
Синот на поранешниот разузнавач Зоран Верушевски ја искористи слободата за да си продолжи по старо, па се врати во ќелија. И ДПМНЕ поентира секој ден. Бара Црвенковски да се извини. А СДСМ што да прави? Наивно се обиде да се оправда за помилувањето и веднаш ги прекори политичките опоненти да не го дефокусираат вниманието од вистинските афери и скандали. Со други зборови, на СДСМ не им се прави муабет за Верушевски.
Од друга страна, „вмровците“ до утре ќе зборуваат, прашуваат и обвинуваат за овој случај. Ама никако не прашувајте ги што мислат за случајот во Пласница, каде што татко му на ексминистерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, за 30.000 евра ја купи зградата во која беше сместена локалната управа.
Нема да добиете став од ВМРО-ДПМНЕ во врска со купопродажниот договор меѓу Општина Македонски Брод, довчерашниот сопственик на објектот, и кичевскиот бизнисмен Милош Милошоски. Владата, по барање на министер од редовите на ДУИ, формираше посебна комисија, која ќе го разгледува овој случај, ама поголемиот партнер во коалицијата молчи. Со други зборови, не им се прави муабет за Милошоски.
Игнорирањето на ВМРО-ДПМНЕ на случајот „Милошоски“ е непринципиелен чин, кој многу говори за хипокризијата на владејачката партија. Тие милув��ат да зборуваат за други и да ја слават до небо нивната битка против непотизмот и корупцијата, но само како добро испробана политичка реторика. Во пракса, не се баш толку големи борци.
Се крие и синот на бизнисменот од Кичево, бившиот шеф на дипломатијата Антонио Милошоски. Неразбирливо е како личности од таков калибар дозволуваат да молчат во јавноста кога сите ги прозиваат. Нема што да каже? Или ги смета информациите за неговиот татко за шпекулација. Што и да е, молчењето треба да го прекине.
Но, каде потфрли најмногу нашето општество во оваа игра меѓу зборовите и делата? Дали проблемот е во корупцијата, бидејќи јавна тајна е дека со пари можеш да купиш се': од чорапи до човечки карактер; школството под чија заслуга магистри и доктори на наука се произведуваат на дневна база; здравството каде што не се знае кој јаде, а кој плаќа; или економијата во чија сфера работниците ги доживеаја најголемите понижувања?
Велат дека прва задача при решавањето на еден проблем е да го детектираш. Кога ќе си признаеш дека постои - ќе можеш да ги бараш солуциите. Да признаеш дека си згрешил и да ги санираш последиците.
Кога ќе се научиме за нив да зборуваме без страв и комплекси, тогаш можеби и нашето општество ќе тргне напред. Дотогаш, се' ќе остане на позирање пред ТВ-камерите. |
|
Статијата е прочитана 2334 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 26.01.2012 00:26:07 | Se sekavam tamu nekade pocetokot na osumdesetite koga Bugarite na sila gi prekrstuvaa Turcite. Se digna golema galama vo svetot. Jas toj period bev tamu, i eden moj kolega prasa eden nivni funkcioner od nivnoto MVR, sto ke pravat sega koga cel svet gi proziva. Toj odgovori: Ami nisto, ke cekame da se sluci nesto drugo vo svetot i nas ke ne zaboravat. Stara Bugarska taktika, koja nekoj ni ja donese tuka i pocnaa site uspesno da ja primenuva. |
| A Branko?, 26.01.2012 00:37:48 | Pssst! Ke slushnat predavnicite od SDSM. Nemoj taka, tie se poshtenjachini, za razlika od drugite koi se lopuzi, pred se Branko. Da, a Branko? |
| Mirko, 26.01.2012 07:47:58 | Se sekavam sto pravese VMRO na celo so Gruevski koga begajki od alfite vo Vardar se udavi eden rom sekoj den ne se simnuvaa od televizija so presovi sakajki da dokazat kolku nedemokratska vlast imavme vo toa vreme,ne veruvaa ni na domasnite lekari pa nosea od Bugarija,a se sekavam i za ubistvoto na Martin ne samo sto ne izlegoa no sakaa da go sokrijat e toa ti se vika licemerstvo nevino dete nivni aktiven clen go ubivaat na proslava sluzbeni lica i nisto.Nisto ne zboruvaat za trampata na zgradi so doplata od 16 mi.eu vo telekom,usta ne zatvaraat za potkupot a od druga strana pak ni zbor za Analitiko.E razlikata so SDSM e vo toa ovie sekoj den ke trubat a onie od SDSM izlezi ednas kazi i tolku,jas im sovetuvam na SDSM so presovite pocesto i povtoruvanje po se izgleda nasiot narod na povtoreni lagi poveke pagja odnosno veruva.Velat sdsm 20 g vlast a neznaat li deka samo ovoj mandat im e 642=12god vlast vo RM nasproti 11 na sdsm.No vazno na pres ke kazat nisto ne napravija 20g . |
| молчиме сите, 26.01.2012 09:11:01 | Па што, ако молчат? И Милошоски & Фамилија молчат за ВМРО. |
| Marijana P., 26.01.2012 09:15:19 | G-n komentator, napisov poveke lichi na pres konferencija na Jani Makraduli, otkolku na objektivna kritika !
.., a za Verushevski, poarno i da ne zborime. |
| Stipjanec, 26.01.2012 09:53:17 | Deja vu! Ima eden postar vic; Amerikanec i Rusin razgovarale; ako Amerikanecot rekol deka imaat atomska podmornica od 200, Rusinot ke recel deka tie imaat od 300, itn. Sekojpat Rusinot ke kazel pogolem Indeks od onoj na Amerikanecot. Koga Amerikanecot rekol deka tie otisle na Mesecot, Rusinot neznael tuka sto da kaze, pa rekol: A VIE STO GI EKSPLOATIRATE CRNCITE! Taka i za tatkoto na Milosevski - A BRANKO STO NAPRAVI PRED 15 GODINI? |
| gragjanin, 26.01.2012 11:09:21 | Кога ќе се научиме за нив да зборуваме без страв и комплекси, тогаш можеби и нашето општество ќе тргне напред. Ne prashuvajte koga i ne barajte drugi. Poglednete vo svojot dvor, toa ke se sluchi koga vie, novinarite , ke se odnesuvate seriozno i bez strav i kompleksi ke pishuvate za sostojbite |
| D.V., 26.01.2012 14:06:35 | Komentarive vi se kako da gi pisuvale mali deca. Koga deteto vrakjajki se od shkolo kazuva doma deka dobilo dvojka i tatko mu go kara, toa ubedlivo odgovora; da ama Edikojsi dobi edinica...! Rabotata e vo toa sto, ne trebe da se sporeduva so onoa sto pravele losho, (ako pravele) Nekoi porano, tuku da ne se povtoruva greshkata i da se izbegne. Ako po tolku izbori sé uste VMROto se na vlast( po greshka) togaj neka bidat samokriticni, a ne da ozboruvaat za onoa sto bilo pred 15 godini i da go verglaat kako napamet nauceno.Vprocem, ke se vidi po nekoj sudski pat kako e kupen problematicniot predmet. Bez gajle, ako pred toa ne se zatalaska slucajot, so nov i pointeresen! |
| aleks, 26.01.2012 18:34:23 | neznam sto ima tolku strasno da se pisuva ako tatkomu na milosovski ja kupil zgradata za 30000 evra koga taa zgraga i onaka bila stara i bidejki se naogja vo selo tolku i e vrednosta podobro vie novinarite da se pozanimavate so parceli i objekti kupeni vo glavniot grad po bagatelni ceni kako na primer ramstor. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 0°C
Облачно
|
Сабота
Делумно облачно
Макс: -1°C, Мин: -7°C
|
Недела
Делумно облачно
Макс: 1°C, Мин: -9°C
|
|
|
|
|
|