Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
09.01.2012, 17:33

Државата ќе одлучува за ХТВ

Комисијата за заштита на конкуренцијата решава за жалбата на операторите кон ЗАМП

Горан Адамовски



Недоразбирањата меѓу трите најголеми кабелски оператори и Здружението за заштита на авторските музички права околу правата за емитирање на десетината новогодишно исклучени канали, меѓу кои и ХТВ1, стигнаа до Комисијата за заштита на конкуренцијата. „Близу“, „Макс ТВ“ на Македонски телеком и „Бум ТВ“ на „Оне“ бараат Комисијата да поведе постапка против ЗАМП со тврдење дека биле уценувани при преговорите.

Операторите кои покриваат околу 70 проценти од кабелскиот пазар тврдат оти биле принудени да се откажат од преговорите, бидејќи ЗАМП и преостанатите иматели на права ги терале покрај гледаниот ХТВ, да прифатат и серија други канали, кои биле неатрактивни, а незадоволни се и од цената што им била побарана за правата за емитирање. Поради тоа, побараа помош од државата.

„Во тек е процедурата, операторите побараа постапка против ЗАМП, ние побаравме одредени податоци од Здружението. Се врши анализа, по што ќе одлучиме дали има повреда на Законот за заштита на конкуренцијата“, ни рекоа вчера од Комисијата за заштита на конкуренцијата. Оттаму не можеа да кажат колку период ќе мине да се донесе решение, бидејќи „немале рок за одлучување“.

Од ЗАМП пред неколку дена ни изјавија оти непостигнувањето договор е вина на операторите, кои биле научени само профитот да си го гледаат.

„Побаравме годишно по пет отсто повеќе, за во 2015 година да дојдеме до конечна бројка од 20 отсто, што сметаме дека е коректно, имајќи предвид оти кабелските оператори во 2009 и во 2010 година самоиницијативно ја зголемија својата претплата за 28-29 отсто, односно од 350 на 450 денари“, ни рече Зоран Васковски, претседател на ЗАМП. Тој се запраша како е можно да успеат да се договорат со 43 кабелски оператори низ земјава, а само со најголемите три да не можат да најдат заеднички јазик.

Како што стојат работите, државата, односно Комисијата за заштита на конкуренцијата е последната шанса на граѓаните да ги добијат назад гледаните телевизии. Гледачите се во очај, бидејќи плаќаат скапа претплата за речиси никаква понуда и за телевизии што промовираат невкус.

За разлика од тоа, се исклучуваат телевизиите што беа најпопуларни меѓу граѓан��те. Договорите што граѓаните ги имаат со операторите, ги спречува да се откажат од „задоволството“ за високи цени да гледаат ефтини канали. Дали некој ќе ги заштити нивните права како потрошувачи?


Статијата е прочитана 1987 пати.

Испрати коментар



Корупцијата почнува од пелени
Судот ја напишал пресудата за Љубе Бошкоски
Нема политичка волја, а не докази за поткупот на „Маѓар“
Што се' му забележуваат колегите на Томе Аџиев
Пописот ја запали атмосферата во парламентот
Чикаго - шанса или фатаморгана?



Весна.С. од Прилеп, 10.01.2012 02:41:57
Покрај ХТВ 1 ЗАМП а и др релевантни институции треба да го дозволат емитувањето на ХТВ 2 ТВ НОВА пота Б92 и ТВ ПРВА некогашна ФОКС Исто така и ОНЕ им забранува на некои кабловски оператори како на пр. Кабелнет од прва да ги пренесува АХН иАХН SF (кабелските оператори во трката за повеќе претплатници а со тоа и профит и меѓу себе се условуваат и уценуваат -такво е објаснувањето кое го добиваме кога некој канал не го прикажуваат помалите кабловски оператори)Потоа ЗАМП а и соодветните државни институции кои со овој случај ОНЕ и Макс ТВ и Близу имаат намера да ги вовлечат треба да ни овозможат ние кои сме претплатени на др. помали кабловски оператори да ни овозможат да ги следиме каналите како BBC, DW, TV% MOND EUROPE NEWS како и каналите Europesport кои се привилегија само на големите кабловски оператори и во прикажувањето на овие канали се однесуваат монополски.
Trpe 2, 10.01.2012 04:59:54
Sto poskoro da se vratat kanalite:HTV 1,HTV 2,B 92,NOVA TV. Kogo treba da gledame :ab ,Latas i kompanija?
ZRAK, 10.01.2012 08:39:44
koga ja gledam HTV,Kazuvaat za kriminalot bez pardon i za politicarite,i vo sportot,i vo crkvata i segde,se osekam deka ziveam vo segasnosta.A za razlika od nasite kanali koj isto pa isto i go muvaat narodot so imeto;lustracija,nekoj dolgi sudski procesi a za golemiot kriminal nisto, ko nasite funkcioneri da se najdobri.
Zampov, 10.01.2012 09:42:00
Sramota
gledacka, 10.01.2012 09:43:30
dali kabelskite operatori i ZAMP se zapoznati deka vo nekoi gradovi vo Makedonija ima duri 4 kanali Pink, Htv 1,2i 3 OBN , Nova i uste mnogu drugi a plakaat isto ili pomalce od korisnicite vo Skopje. Za ovie kanali sto momentalno gi emituvaat cenata e visoka . Neka se zamislat sto pravat, ne da gi menuvaat samo iminjata a kanalite (uslugata )ista pa i polosa. Poz.
mikica, 10.01.2012 14:38:34
kolku ste zdodevni so taa htv, kako da ima na htv ne znam sto!!! i, taa e tv zdodevna kako i nasata mtv samo sto go razbirame hrvatskiot jazik pa ni se cini demek, bila pointeresna tv. no, da ne me razberete pogresno ne sum za isklucuvanje na bilo koja eks-YU tv, i zatoa glasam da ima najmnogu eks-Yu tv na kabelksite operatori, pa i taa htv, ama i dobar del od srpskite tv, bosanskite, slovenechkite, ama i od grckite, zosto da nema nekoja grcka tv, ne mora drzavna, ima privatna nekoja muzicka grcka tv, zaradi ubavata grcka muzika! a, so albanskite tv veke preteraa, sto e mnogu, mnogu e od niv, aman veke, kochete!
Daliborka, 10.01.2012 14:53:50
Pustete HRT uzivavme dodeka ja gledavme toa e najgledanata televizija bez dilemi za tv.mesecna pretplata od 1000 denari treba da gi gledame i HRT2 ,B92 , TV. NOVA ova e sramota sto se pravi
ivan, 10.01.2012 15:42:28
mnogu e jasno vladata skeptik za evropska unija nesaka da vidi narodot kakvi sve pridobivki ke ima hrvatska od vleguvanjeto vo evrpska unija, jasno ko bel den !!!!!
mile, 10.01.2012 16:52:57
Jas sum na site kanali da bidi Sitel.. samo Sitel nikoj drug
miki, 10.01.2012 17:21:07
Zosto site baraat HTV 1, pa nie si imame mnogu pokvalitetni kanali: SITEL, KANAL 5 i MTV1. Sega koga ke se sredi MTV 1 i hrvatite ke baraat da bide vklucena vo nivnata ponuda. Vreme e i tie da vidat sto znaci kvalitetna programa. ZAMP se grizi da gledame nesto mnogu kvalitetno a ne sund kako sto e HTV 1.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -7°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 1°C, Мин: -8°C

Недела
Делумно облачно
Макс: 3°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |