07.01.2012, 14:21 Македонија ја победи Турција на турнир во Истанбул
Македонската ватерполо репрезентација синоќа со победа стартуваше на турнирот во Истанбул совладувајќи го домаќинот Турција со 11:6.
Головите за Македонија ги постигнаа Мирослав Ранџиќ и Саша Мишиќ по два, а Владимир Кречковиќ, Игор Милановиќ, Игор Рачуница, Иван Вуксановиќ, Милан Петровиќ и Благоје Ивовиќ по еден.
На вториот натпревар од 1. коло на турнирот Романија ја победи Холандија со 14:6.
Денеска во второто коло Македонија од 18:30 часот игра со Холандија, а од 17 часот играат Романија и Турција.
|