09.01.2012, 11:26 Трета победа едноподруго на Оклахома за само 72 часа
Кошаркарите на Вашингтон се уште се без победа во новава НБА сезона, губејќи ја и осмата средба, овојпат на домашен терен од Минесота со 72:93.
Тимот на Оклахома Сити ја забележа третата последователна победа за само 72 часа, откако славеше над Сан Антонио со 108:96 во рамките на синоќешната НБА програма.
Кевин Дуран беше најполезен во редовите на Оклахома со дабл-дабл учинок од 21 поени и 10 скокови, Џејми Хардан нанижа 20 поени а Расел Вестбрук и Ник Колисан завршија со по 13, односно 12 поени.
Дуелот започна доста изедначено но на стартот од втората четвртина Џаксон ја започна серијата од 9:0 за Оклахома со што разликата се зголеми на 11 поени, сепак до крајот на првото полувреме Спарси намалија на 48:54.
Џеферсон нанижа тројка на почетокот од третиот дел, со што ја намали предноста на Атланта на само 3 поени но потоа Вестбрук врати и ја почна серијата од 11:3 за својот тим.
Во последните 12 минути Тим Данкан и компанија не успеаа да најдат начин да се вратат на натпреварот па мораа да се помират со поразот.
Кошаркарите на Вашингтон се уште се без победа во новава НБА сезона, губејќи ја и ��смата средба, овојпат на домашен терен од Минесота со 72-93. Творци на победата на гостите беа Кевин Лов со 20 поени и 16 скока, и шпанскиот плејмејкер Рики Рубио со 13 поени и 14 асистенции.
Лејкерси, кои се единствени покрај Оклахома со 10 одиграни меча, шестата победа ја забележаа над Мемфис со 90-82. По обичај, најзаслужен за славјето пред домашните фанови беше Коби Брајант со 26 поени и 9 асистенции, а голема помош имаше од Ендрју Бајнам кој уфрли 15 поени и забележа исто толку скокови.
Резултати: Вашингтон - Минесота 72-93, Сакраменто - Орландо 97-104, Оклахома - Сан Антонио 108-96, Феникс - Милвоки 109-93, Портланд - Кливленд 98-78, ЛА Лејкерс - Мемфис 90-82.
|