16.01.2012, 10:08 Македонските ватерполисти го почнуваат настапот на ЕП
Македонската ватерполо репрезентација денеска во 13 часот во Ајндховен, Холандија со дуелот со селекцијата на Турција ги почнува натпреварите на Европското првенство
По настапите во Малага, Шпанија (2008) и Загреб, Хрватска (2010), ватерполо репрезентацијата на Македонија трет пат ќе настапува на 30-тиот континентален Европски шампионат.
Со пласман меѓу шестте најдобри репрезентации, Македонија може да се надева на пласман на Олимписките игри во Лондон или настап во квалификациите за олимпијадата.
Покрај Турција, противници на нашите ватерполисти во групата „А“ ќе бидат и селекциите на Грција (во вторник од 13 часот), Унгарија (четврток од 13 ч.), Италија (сабота 14:30) и домаќинот Холандија (понеделник-23 јануари од 19 часот).
Во втората група ќе играат селекциите на: Хрватска, Србија, Црна Гора, Шпанија, Германија и Романија.
Двојките за 1-то коло се: група „А“: Македонија – Турција (13 ч.), Грција – Холандија (19:45) и Унгарија - Италија (21:15). Група „Б“: Хрватска – Романија (14 часот и 30 минути), Германија – Црна Гора (16) и Србија – Шпанија (17:30). зс/лѓ/9:05
|