30.12.2011, 12:19 Дурант му пресуди на шампионот
Во реваншот од минатогодишното западно финале, Кевин Дурант постигна тројка во последната секунда за победа на Оклахома од 104:102 над шампионот Далас.
Во најнеизвесниот дуел од синоќешната НБА програма Оклахома извојува тесна победа од 104-102 над шампионот Далас откако Кевин Дурант реализираше тројка во последните моменти од мечот. Покрај победничките поени, Дурант е најзаслужен за победата во римечот од ланското финале во Западната конференција и со својот вкупен учинок од 30 поени и 11 скокови.
ЛА Лејкерс до втората победа по ред дојде преку Њујорк, славејќи со 99-82, а најпрецизен повторно беше Коби Брајант со 29 поени. Пресметката во Тексас им припадна на кошаркарите на Хјустон, кои убедливо со 105-85 го совладаа Сан Антонио. Предводени од Карлос Бузер (16 поени и 15 скока), Чикаго со 98-108 славеше на гостувањето против Сакраменто.
Резултати: Орландо - Њу Џерси 94-78, Оклахома - Далас 104-102, Хјустон - Сан Антонио 105-85, Сакраменто - Чикаго 98-108, Портланд - Денвер 111-102, ЛА Лејкерс - Њујорк 99-82.
|