29.12.2011, 13:48 Ѓоковиќ најдобар спортист, Барселона најдобра екипа
Српскиот тенисер доби повеќе гласови од Меси во изборот на Светското здружение на спортски новинари (АИПС)
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и норвешката биатлонка Марит Бјерген се прогласени за најдобри спортисти во годината во изборот на Светското здружение на спортски новинари (АИПС).
Ѓоковиќ доби 23,73 отсто гласови во анкетата во која учествуваа 363 новинари од 82 земји. На второто место заврши аргентинскиот фудбалски ас Лионел Меси со 20,18 отсто гласови, зад него се најде Усеин Болт, спринтерот од Јамајка, за кого гласаа 12,89 од испитаните.
Титулата најдобра кај дамите и' припадна на Норвежанката Марит Бјерген со 17,79 отсто од гласовите пред кениската атлетичарка Вивијан Черујо и италијанската пливачка Федерика Пелегрини.
За најдобра екипа во годината е избрана фудбалската на Барселона со 43,07 отсто гласови пред рагби-репрезентацијата на Нов Зеланд и бразилската машка одбојкарска селекција. Најдобро организирано натпреварување во 2011 година е Светското првенство атлетика што се одржа во Даегу, Јужна Кореја.
|