18.01.2012, 12:04 Мајами ја прекина серијата од три порази едноподруго
Иако домаќинот, кој настапи без Двејн Вејд, лошо го започна дуелот и на полувреме имаше дефицит од 14 поени, со пресврт во вториот дел на крајот успеа убедливо да слави против Сан Антонио (120:98)
Мајами хит успеа да ја прекине серијата од три порази едноподруго, совладувајќи го Сан Антонио со 120:98. Иако домаќинот, кој настапи без Двејн Вејд, лошо го започна дуелот и на полувреме имаше дефицит од 14 поени, со пресврт во вториот дел на крајот успеа убедливо да слави, недозволувајќи им на гостите од Тексас за прв пат сезонава да се израдуваат на гостински терен. Најзаслужни за славјето на „жешките“ се Леброн Џејмс со 33 и Крис Бош со 30 постигнати поени.
Убедливи победи на домашен терен забележаа Јута џез против ЛА Клиперс 108-79, и Чикаго булс над Феникс санс (118-97), додека нагости славеа кошаркарите на Голден стејт и Денвер со идентичен скор од 95-105 против Кливленд, односно Милвоки.
Резултати: Мајами – Сан Антонио 120-98, Чикаго - Феникс 118-97, Јута - ЛА Клиперс 108-79, Кливленд - Голден стејт 95-105, Орландо - Шарлот 96-89, Хјустон - Детроит 97-80, Милвоки - Денвер 95-105.
|