09.01.2012, 10:44 Четврти сезонски гол за Пандев
Македонскиот репрезентативец Горан Пандев синоќа го постигна водечкиот гол за својата екипа Наполи во победата од 3:1 на гостувањето кај Палермо во последниот натпревар од 17.коло од Серија А.
Пандев мрежата на домашната екипа ја затресе во 35.минута и ова беше негов четврти гол сезонава за Наполи. Двата други гола за неговиот тим ги постигнаа Единсон Кавани во 54.минута и Марек Хамшик во 60.минута. Фабрицио Миколи во 89.минута само го намали поразот на Палермо.
На другите натпревари од ова коло во Италијанското фудбалско првенство беа постигнати следниве резултати: Рома – Киево 2:0, Аталанта – Милан 0:2, Болоња – Катанија 2:0, Каљари – Џенова 3:0, Лече – Јувентус 0:1, Новара – Фиорентина 0:3, Удинезе – Чезена 4:1, Интер – Парма 5:0 и Сиена – Лацио 4:0.
Табела: Милан 37 бодови, Јувентус 37, Удинезе 35, Лацио 30, Интер 29, Наполи 27, Рома 27...
|