04.01.2012, 14:15 Касиљас повторно најдобар светски голман
Второто место му припадна на Мануел Ноер од Баерн Минхен, а трет е чуварот на мрежата на Барселона, Виктор Валдез.
Чуварот на мрежата на Реал Мадрид, Икер Касиљас, четврта година по ред, од страна на Институтот за фудбалска историја и статистика (IFFHS), е избран за најдобар голман на светот.
Од жирито составено од уредници на медиуми и стручњаци од 81 земја во светот, Шпанецот доби најголем број на гласови (248). Второто место му припадна на Мануел Ноер од Баерн Минхен, а трет е чуварот на мрежата на Барселона, Виктор Валдез.
Меѓу најдобрите десет голмани на светот, според IFFHS, се најдоа: Џанлуиџи Буфон (Јувентус), Петр Чех (Челзи), Фернандо Муслера (Галатасарај), Џо Харт (Манчестер Сити), Жулио Цезар (Интер), Хаусто Виљар (Естудијантес) и пензионираниот Едвин ван дер Сар.
|