06.01.2012, 17:54 Гвардиола тренер на годината, честитки и од Мурињо
На третото место заврши менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, кој оваа награда ја освои во 2008 година.
Тренерот на Барселона, Пеп Гвардиола, е прогласен за најдобар стратег на светот, во изборот на Институтот за фудбалска историја и статистика (IFFHS).
Првиот човек на клупата на актуелниот шпански, европски и светски првак, според Институтот, убедливо го освои признанието пред ланскиот лауреат Жозе Мурињо.
По прогласувањето на најдобрите, Мурињо му честиташе на Гвардиола за добиеното признание.
„Тој тоа и го заслужи. Само се надевам дека наградата ќе му ја врачат навремено", се пошекувал Мурињо и додал: „Јас таа награда ја добив 2010. година и се уште не ми е врачена".
На третото место заврши менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, кој оваа награда ја освои во 2008 година.
Топ 5 листата на најдобрите светски тренери ја заклучија Андре Вилас-Боаш од Челзи и Роберто Манчини од Манчестер Сити.
Изненадување на листата е тренерот на Иван Тричковски во АПОЕЛ, Иван Јовановиќ, кој заврши на високото седмо место.
Меѓу 18-те тренери кои добија гласови од жирито, 11 стратези се од Европа, петмина се од Јужна Америка и по еден од Африка и Средна Америка.
Национално најзастапени се Португалците и Германците, по тројца, додека гледано по националните првенства, четворица работат во Премиер лигата, а по тројца работат во Германија и Шпанија.
|