13.01.2012, 11:45 Максвел потпиша договор со ПСЖ на 3,5 години
Бразилскиот дефанзивец потпиша договор со „светците“ до 2015 година со отштета од 3,5 милиони евра
Бразилецот Максвел, сега веќе поранешен фудбалер на Барселона, е првото јануарско засилување за ПСЖ. Со „светците“ тој потпиша договор до 2015 година со отштета од 3,5 милиони евра.
Искусниот Максвел забележа само седум настапи за Каталонците во оваа сеозна од кои четири во Примера. Бразилецот падна во втор план кај Гвардиола кој на левата позиција во одбраната повеќе ги преферира Адријано или Французинот Абидал.
Максвел, кој во минатото важеше за еден од најталентираните играчи на Ајакс, пристигна во Барселона од милански Интер. Сега во ПСЖ доаѓа како замена на Сиако Тиене кој го напушти тимот од Париз поради обврски кон репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска на Африканскиор куп на нации.
|