Македонската делегација на Европското ракометно првенство поднесе жалба до Европската ракометна федерација (ЕХФ) за непризнатиот гол на Лазаров во последниот напад
Во жалбата стои дека постои материјална повреда на правилата во дуелот со Германија и се бара прегледување на снимката од последниот удар на Кире Лазаров.
- Поднесовме приговор до официјалните лица на Европското првенство, затоа што сметаме дека сме оштетени. Шутот на Лазаров влезе во голот“, изјави Драган Начевски, координатор на репрезентацијата.
На ваков чекор македонската делегација се одлучи по прегледувањето на снимката. Според правилата, повреда на материјалните права значи преигрување на натпреварот. Сепак, праксата во вакви случаи (прифаќање на жалби од ваков вид) не е на наша страна.
Според нашиот координатор Начевски шансите да биде прифатена жалбата е минимална, но на снимките јасно се гледа дека топката ја минала гол линијата.