11.01.2012, 13:55 Прекин на меч во Данска чини 250.000 евра
Во Данска можете да си дозволите да влетате на терен ако ве изнервира судијата, па и да го удрите, но тоа ќе ве чини четврт милион евра!
Се сеќавате ли на квалификацискиот меч за ЕП 2008 година меѓу Данска и Шведска? Кога навивачот Рони Нервиг влета на терен и го нападна судијата Херберт Фандел?
Судот во Копенхаген му наложи да плати казна од 250.000 евра (1,9 милиони круни), која ќе биде проследена до Фудбалската федерација на Данска, со оглед на тоа дека Федерацијата плаќаше пенали поради инцидентот. Нервиг беше испровоциран од спорната одлука на судијата да свирне пенал за Шведска и да го исклучи Поулсен. Натпреварот беше регистриран со 3:0 за Шведска. Нервиг призна дека пијан влетал на терен, но ги отфрли обвинувањата дека предизвикал нереди.
|