11.01.2012, 14:00 Реал закажа пресметка со Барса во четврт-финалето на Купот
Доколку Барселона ја задржи предноста од првиот меч против Осасуна (4:0), првото Ел Kласико за оваа година треба да се игра на 18 јануари во Мадрид, додека реваншот од куп-дуелот е закажан за 25 јануари на „Ноу Kамп“ во Барселона.
Екипата на Реал Мадрид со две победи против Малага во „Кралскиот куп“ избори четвртфинале и воедно шанса да го брани трофејот освоен минатата сезона. На гостувањето кај Малага синоќа Реал Мадрид до победата стигна благодарение на голот на Карим Бензема во 72.минута и со вкупни 4:2 обезбеди пласман за следната рунда.
Доколку Барселона ја задржи предноста од првиот меч против Осасуна (4:0), првото Ел Kласико за оваа година треба да се игра на 18 јануари во Мадрид, додека реваншот од куп-дуелот е закажан за 25 јануари на „Ноу Kамп“ во Барселона.
Доколку дојде до овие два меча, најтрофејните екипи во Шпанија во последните 9 месеци ќе ги вкрстат копјата деветпати. Реал Мадрид победи само еднаш во последните 12 меча против Барселона, тимот кој го има епитетот на најдобар во Шпанија, Европа и светот.
На другите реванш натпревари од осминафиналето одигр��ни синоќа: Расинг Сантандер – Мирандес 1:1 (1:3 вкупно), Мајорка – Реал Сосиедад 6:1 (6:3 вкупно),
Вечрва се играат: Еспањол – Кордоба (1:2 прв натпревар), Севиља – Валенсија (0:1) и Леванте – Алкоркон (1:2).
Утре се играат дуелите: Атлетик Билбао – Албасете (0:0) и Осасуна – Барселона (0:4).
|