11.01.2012, 13:51 Ибра гласал за Гвардиола, Меси го испуштил Роналдо
Откако трет пат по ред ја освои Златната топка Меси го откри своето размислување: „Гласав за Чави, Иниеста и за Агуеро.
Иако, неодамна во својата автобиографија го нарече „кукавица која се тресе пред Мурињо“, Златан Ибрахимовиќ во изборот за најдобар тренер во 2011 година гласал за Пеп Гвардиола. Лионел Меси гласајќи за играч на годината, меѓу тројцата на кои им го подарил гласот, го испуштил Роналдо.
Како што е познато, во изборот на ФИФА и на Франс фудбал учествуваат актуелните селектори и капитени на сите светски репрезентации. Така Ибрахимовиќ гласаше како капитен на шведската репрезентација. Во гласањето за најдобар фудбалер тој најмногу бодови му даде на Меси, а на листата ги стави и Руни и Иниеста. Во споменатата биографија Ибра не се изрази пофално ниту за овој тандем Меси - Иниеста. Двајцата сосе Чави ги нарече „послушни ученичиња“.
Откако трет пат по ред ја освои Златната топка Меси го откри своето размислување: „Гласав за Чави, Иниеста и за Агуеро. Тројца извонредни фудбалери“, кажа Меси, потврдувајќи ја лојалноста на клубот во кој игра, како и кон аргентинската репрез��нтација.
Меси истакна дека неговото признание ќе значи многу и за аргентинскиот народ.
„Уживам во фактот дека моите сонародници се горди на мене. Повеќе горди отколку било кога. Тоа ми го покажуваат на разни начини и тоа го ценам. Ми покажуваат низ признанија кои ги примив во својата земја. Но најмногу ми годи љубовта на мојот народ. Го почувствував тоа додека шетав низ улиците на Буенос Аирес и на Розарио. Се чувствував сакан“.
|