13.01.2012, 12:18 Аврам Грант нов тренер на Партизан!
Управниот одбор на Партизан го разреши досегашниот тренер Александар Станоевиќ и за негов наследник вчера го назначи Израелецот Аврам Грант
„Александар Станоевиќ е разрешен од должноста тренер на првиот тим на Партизан. Одлуката е донесена поради повреда на Статутот и општите акти на клубот и договорот за работа од страна на Александар Станоевиќ. Тежината на повреда на работните и договорните обврски е од таква природа што доведе до трајно и целосно нарушување на односите и соработката меѓу органите на клубот и Александар Станоевиќ и неговата работа во Партизан повеќе не е можна“, стои во соопштението во кое раководството на белградските црно-бели ја образложува одлуката за прекин на соработката со Станоевиќ.
На Станоевиќ му се забележуваат неговите изјави дадени на 24 и 26 декември минатата година во кои јасно и недсвосмислено соопшти дека „повеќе не е тренер на Партизан“ по смената на спортскиот директор Младен Крстајиќ. За челниците на Партизан тоа беше сериозно загрозување на функционирање на клубот.
„За тренер на првиот тим управниот одбор на Партизан реши да го постави Аврам Грант, израелски с��ручњак, поранешен тренер на англиските клубови Челзи, Портсмут и Вест Хем, повеќе израелски клубови како и селектор на репрезентацијата на Израел. Уверени сме дека Партизан со Грант ќе оствари резултати што се планирани и очекувани од армијата навивачи. Висината на договорот ќе биде усогласена со реалните можности на клубот и ќе биде неспоредливо помала од неточните информаци што се појавија во јавноста“, се заклучува во соопштението на УО на Партизан.
|