09.01.2012, 15:36 Ѓоковиќ и Вознијачки први носители во Мелбурн
Втор носител кај мажите е Рафаел Надал, трет Роже Федерер, а по нив следуваат Енди Мари, Жо-Вилфред Цонга, Томаш Бердих, Марди Фиш, Јанко Типсаревиќ, Николас Алмагро итн.
Србинот Новак Ѓоковиќ ќе биде прв носител во машка конкуренција, а Данката Каролина Вознијачки во женска на првиот тениски Гренд-слем турнир годинава, Австралија опен, што ќе почне в понеделник во Мелбурн.
Втор носител кај мажите е Рафаел Надал, трет Роже Федерер, а по нив следуваат Енди Мари, Жо-Вилфред Цонга, Томаш Бердих, Марди Фиш, Јанко Типсаревиќ, Николас Алмагро итн. Кај дамите, пак, втора носителка е победничката на Вимблдон, Петра Квитова од Чешка, трета Викторија Азаренка од Белорусија, по што следуваат Марија Шарапова, На Ли, Саманта Стосур, Вера Звонарева, Агнешка Радванска, Марион Бартоли, Андреа Петковиќ итн.
|