| 09.01.2012, 10:43Нашите ракометари поразени од Србија 
 
  
 Најефикасен во нашата селекција беше Кирил Лазаров со 6 голови (4/6 од 7. мести), додека Стојанче Стоилов и Владимир Темелков постигнаа по 4.
 
 На седум дена пред почетокот на Европското првенство, машката македонска ракометна репрезентација вчера попладне во Смедерево, во пријателски натпревар е поразена од Србија.
 
 Домаќинот на Европскиот шампионат Србија, славеше победа со 26:23 (14:10 полувреме).
 
 Најефикасен во нашата селекција беше Кирил Лазаров со 6 голови (4/6 од 7. мести), додека Стојанче Стоилов и Владимир Темелков постигнаа по 4.
 
 Кај домаќинот прв стрелец беше Момир Илиќ со 6 голови.
 
 Од противиците на нашите ракометари, денеска контртолни средби одиграа селекциите на Германија и Шведска
 
 Германците претрпеа пораз пред своите навивачи од репрезентацијата на Унгарија со 21:22, додека репрезентацијата на Шведска загуби од Хрвтска со 29:24.
 
 До почетокот на првенството остануваат седум дена, а првиот натпревар македонската репрезентација ќе го одигра на 15 јануари со Шведска.
 
 
 |