17.01.2012, 12:19 Пораз на Франција, Хрватска се мачеше со Исланд
Европскиот и светски шампион, Франција, со пораз од Шпанија (26:29) ја почна одбраната на титулата на Европското ракометно првенство во Србија
Во натпревар од 1-коло на групата „Ц“, Франција е поразена од Шпанија со 29:26.
Во вториот натпревар од оваа група Унгарија и Русија одиграа без победник 31:31.
Во групата „Д“ Норвешка минимално со 28:27 ја совлада Словенија, а Хрватска потешко од очекуваното славеше победа во дуелот со Исланд 31:29.
Денеска се играат натпреварите 2-то коло во првите две групи:
Група „А“: Словачка - Полска (18:15 часот) и Србија – Данска (20:15).
Група „Б“: Македонија - Германија (18:15 часот) и Чешка – Шведска (20:15).
|