17.01.2012, 14:26 Ватерполистите поразени од Грција
Македонската ватерполо репрезентација загуби од Грција со 6:10 во рамките на Европското првенство, кое до 29 јануари се одржува во холандскиот град Ајндховен
Во текот на целиот натпревар од второто коло, грчката репрезентација беше во предност. Полувремето заврши со 5:1 во нивна корист, а македонскиот тим првиот гол го постигна во втората четвртина.
Грчката екипа забележа пад во играта во текот на третата четвртина кога успеа да постигне само еден гол. Четвртата четвртина беше најдобра за ватерполистите на Македонија, односно за осум минути успеаjа да постигнат три гола и да ја намалат разликата пред крајот на дуелот.
Екипата на Грција постигна четири гола од пенал и шест од игра. Најефикасен играч во македонскиот состав беше Саша Мишиќ со постигнати 2 гола од игра.
Утре е слободен ден за македонската селекција. Во четврток во Ајндховен, репрезентацијата на Македонија ќе одигра со олимпискиот шампион Унгарија, по што следуваат Италија и домаќинот Холандија.
Во првото коло вчера, репрезентацијата на Македонија ја победи селекцијата на Турција со 16:4. Македонскиот тим доминираше во текот на целиот натпрева�� и ја имаше убедливата предност.
Во останатите два натпревари од оваа група ќе играат Холандија – Унгарија и Италија – Турција.
Во „Б“ групата двојките за денеска се: Србија - Германија, Шпанија - Романија и Црна Гора - Хрватска.
|