16.01.2012, 15:48 Федерер и Надал се „мачеа“ само еден сет
Американецот Алекс Кузњецов и Русинот Александар Кудрјавцев немаа шанси против фаворитите
Вториот и третиот тенисер во светот, Рафел Надал и Роже Федерер, лесно ги одиграа своите премиерни мечеви на првиот гренслем годинава - Австралија опен во Мелбурн.
И двајцата победија во три сета. Надал против Американецот Алекс Кузњецов (6:4, 6:1, 6:1), а Федерер против Русинот Александар Кудрајвцев (7:5, 6:2, 6:2).
И двата меча беа само лесно загревање за двајцата тенисери, кои се најголемата закана за бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ.
Надал освои 36 од 42 поени по уфрлен прв сервис, а Федерер 44 од 55. Исто така Надал мораше да спаси само две брејк-топки во цел меч (и тоа успешно го направи), додека Русинот направи еден брејк од трите обида против Федерер.
Нарко Ниеминен пред нешто повеќе од 24 часа играше финале на турнирот во Сиднеј, каде што го совлада Бенето. А, веќе вчера на првиот ден од гренслемот при резултат 4:6, 2:4 му го предаде дуелот на Давид Налбандијан. Заморот, очигледно, го направи своето.
Резултати од 1. коло (мажи): Федерер - Кудрјавцев 7:5, 6:2, 6:2, Надал - Кузњецов 6:4, 6:1, 6:1, Долгополов - Џонс (1:6, 4:6, 6:1, 6:1, 6:2), Налбандијан - Ниеминен 6:4, 4:2 (Ниеминен предаде), Багдатис - Бекер 6:1, 7:6, 6:2, Лацко - Љубичиќ 3:6, 4:6, 6:3, 6:4, 6:4, Томиќ - Вердаско 4:6, 6:7, 6:4, 6:2, 7:5, Дел Потро - Манарино 2:6, 6:1, 7:5, 6:4, Бердих - Рамос 7:5, 4:6, 6:2, 6:3, Фиш - Милер 6:4, 6:4, 6:2, Карловиќ - Мелцер 7:6, 7:5, 6:3, Ципола - Давиденко 6:4, 4:6, 3:6, 6:2, 6:1
Резултати (жени): Азаренка - Ватсон 6:1, 6:0, На Ли - Первак 6:3, 6:1, Возниачки - Родионова 6:2, 6:1, Шиавоне - Поус Тио 6:1, 6:3, Јанковиќ - Робсон 6:2, 6:0, Воскобоева - Викмаер 7:5, 6:2, Чанг - Мартиќ 6:4, 6:2, Радванска - Матек Сандс 6:7, 6:4, 6:2, Братчикова - Пенета 6:3, 1:6, 6:2, Клајстерс - Келер 7:5, 6:1.
|