11.01.2012, 11:03 Мајами поразен од Голден Стејт, шоу на Коби против Феникс
Коби Брајант постигна неверојатни 48 поени во победата на Лејкерси против Феникс.
Финалистот од ланската сезона во НБА лигата екипата на Мајами ноќеска загуби на гостување кај Голден Стејт по дополнителните пет минути со 111:106 откако во регуларниот дел беше 100:100.
Двејн Вејд беше најефикасен кај Мајами со 34 коша, а Леброн Џејмс го заврши натпреварот со 26 постигнати коша, а кај победничкиот тим се истакнаа Нејт Робинсон со 24 и Монта Елис со 22 коша.
Далас Маверикс го совлада тимот на Детроит со 100:86, а Коби Брајант приреди вистинско шоу за Лос Анџелес, каде што Лејкерси го поразија Феникс во Стејплс центар. Конечниот резултат во Лос Анџелес беше 99:83, а Коби постигна неверојатни 48 коша на натпреварот, речиси половина од .
На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Филаделфија – Сакраменто 112:85, Вашингтон – Торонто 93:78, Шарлот – Хјустон 70:82, Милвоки – Сан Антонио 106:103, Мемфис – Оклахома Сити 95:100, Минесота – Чикаго 100:111, Јута – Кливленд 113:105, Портланд – Лос Анџелес Клиперс 105:97.
Вечерва, исто така, се играат 11 натпревари, а двојките се: Торонто - Сакраменто, Инд��јана - Атланта, Њујорк - Филаделфија, Чикаго - Вашингтон, Њу Орлеанс - Оклахома Сити, Сан Антонио - Хјустон, Денвер - Њу Џерси, Јута - Лос Анџелес Лејкерс, Портланд - Орландо и Лос Анџелес Клиперс - Мајами.
Табела Источна конференција: Чикаго 9-2 (победи-порази), Мајами 8-2, Филаделфија 7-2, Атланта 7-3, Индијана 6-3, Орландо 6-3, Њујорк 5-4...
Табела Западна конференција: Оклахома Сити 9-2, Портланд 7-2, Лос Анџелес Лејкерс 7-4,Сан Антонио 6-4, Јута 6-3, Денвер 6-4, Лос Анџелес Клиперс 4-3...
|