11.01.2012, 15:30 Брајант и Џејмс лидери на американскиот дрим-тим на ОИ 2012
Најдобрите играчи на Лос Анџелес Лејкерс и Мајами, Коби Брајант и Леброн Џејмс, ќе ја предводат американската кошаркарска репрезентација на Олимписките игри во Лондон оваа година, објавија медиумите во САД.
На прелиминарниот список, покрај Брајант и Џејмс, се наоѓаат 17 кошаркари - Ламаркус Олдриџ, Кармело Ентони, Чонси Билапс, Крис Бош, Тајсон Чендлер, Кевин Дурант, Ерик Гордон, Блејк Грифин, Двајт Хауард, Андре Игуодала, Кевин Лав, Ламар Одом, Крис Пол, Дерик Роуз, Двејн Вејд, Расел Вестбрук и Дерон Вилијамс.
На Игрите во Пекинг во 2008 година Американците без посериозни проблеми го освоија златниот медал.
|