17.01.2012, 15:05 Делиите го избркаа Пикси од „Маракана“
Три навивачи на Црвена звезда вербално го нападнаа Драган Стојовиќ-Пикси на „Маракана“ и го избркаа бившиот претседател кој седеше во кафулето со своите пријатели
Навивачите му пријдоа во „Ред кафе“ и му порачаа дека му е забрането да седи и дека е најдобро да си замине. Еден од најдобрите играчи во историјата на Црвена звезда не сакаше незгодни ситуации и ги послуша.
„Мислам дека од ова не треба да се прави вест на денот или скандал, но точно е дека имав непријатности во ’Ред кафе’! Дојдов на стадионот за да испијам пијачка со пријателите од Србија, кои долго ги немав видено. Ми пријдоа тројца навивачи, кои ги препознав. Еден од нив важеше за водач на навивачите кога јас ја водев Црвена звезда. Ме прашаа: ’Кој ти дозволил да седиш тука?’ Мирно им кажав дека не го разбирам прашањето, но тие продолжија. ’Не ти дозволуваме да седиш тука’. За да не ги вознемирувам моите пријатели мирно си заминав“, изјави Пикси, кој вели дека кога бил претседател немал поддршка од навивачите.
„Ико важев за клупска легенда тие не ме сакаа, ниту денеска ме сакаат, бидејќи кај мене вредеа јасните правила на однесување. ��е им дозволував да водат клупска политика“, додаде Пикси. |