18.01.2012, 10:47 Чешкиот селектор најавува мала граѓанска војна
Стратегот на Чесите, Мартин Липтак пред утрешниот ракометен натпревар Македонија - Чешка
По синоќешниот пораз на македонската ракометна репрезентација од екипата на Германија и поразот на Чешка од Шведска, на Европското првенство, 2012 во Србија, дуелот Македонија-Чешка од последното коло на нашата Б група ќе биде решавачки за нашата, но и за чешката репрезентација.
Според реакциите во чешките медиуми, решавачкиот дуел, Чесите не го потценуваат.
- Во финалниот натпревар на основната група не чека Македонија, за која во Ниш пристигнаа илјадници фанови кои редовно ја исполнуваат речиси целата сала и создаваат бурна атмосфера, пишуваат чешките весници.
„Пекол“ во салата „Чаир“ во Ниш, очекува и тренерот на чешкиот тим, Мартин Липтак за кого во игра се разни опции.
- Постои можност дека можеме да бидеме сигурни уште по првиот натпревар дека ќе обезбедиме место во следната фаза кога Германците би изгубиле од Швеѓаните. Но, доколку изгубиме од Македонија, немаме бодови.
Што значи ако сакаме да одиме нагоре, со два бода нас не треба да не интересира првиот натпревар, смета чешкиот тренер.
- Мораме да ја победиме Македонија, но што ќе се случува во салата... Тие (македонската репрезентација) веќе војуваа против Германците и сега им се „работи за животот". Тоа ќе биде мала граѓанска војна, вели Мартин Липак, за утрешниот ракометен натпревар меѓу Македонија и Чешка.
|