06.01.2012, 17:47 Крис Бош маестрален против Атланта
Мајами Хит ја забележа седмата победа, откако славеше на гостувањето кај Атланта со 116:109 после три продолженија во најинтересниот натпревар од НБА лигата сезонава
Жешките играа без своите две најголеми ѕвезди Леброн Џејмс и Двејн Вејд, двајцата се повредени, а во нивно отсуство Крис Бош одигра маестрална партија со дабл-дабл од 33 поени и 14 скокови.
Сан Антонио ја забележа и петтата победа на домашен терен, совладувајќи го Далас со 93:71. Спарси успеаја да го неутрализираат Дик Новицки кој постигна само шест поени, а во тимот на Далас само Тери и Вест имаа двоцифрен учинок.
Портланд го победи Лејкерс со 107:96, на натпревар на кој „езерџиите“ не погодија ниту една тројка. На последниот натпревар Сакраменто дојде до трета победа на својот терен победувајќи го Милвоки со 103:100.
|