04.01.2012, 13:02 Бо Мекејлеб повторно се повреди
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб ја обнови повредата на стапалото на вчерашниот дуел во Сиена, на кој неговиот Монтепаски беше поразен од Скаволини со 78:75.
Бо веќе имаше мала пауза во декември минатата година поради повреда на бутниот мускул, но сега го повреди стапалото врз кое му беше извршена операција минатата година. Според медиумите во Италија, по деталните прегледи ќе се знае колку долго македонскиот репрезентативец ќе треба да паузира за да ја санира новата повреда.
По 13 одиграни кола во италијанската „Лега А Баскет“ Монтепаски Сиена е на делба на првото место со Армани Милано со по 10 победи и три порази. Болоња има скор 9-4 (победи-порази), Канту е четврти со 8-5.
|