07.01.2012, 14:20 Шриленцауер победник на турнејата „Четири скокалници“
До ваквиот исход дојде откако синоќа поради лошите временски услови (силен снег и ветер) беше прекинат натпреварувачкиот дел од 4.та скокалница во Бишофсхофен.
Австрискиот ски-скокач Грегор Шриленцауер е победник на „Новогодишната турнеја четири скокалници“ за 2012 година. До ваквиот исход дојде откако синоќа поради лошите временски услови (силен снег и ветер) беше прекинат натпреварувачкиот дел од 4.та скокалница во Бишофсхофен.
По само една одржана серија во Бишофсхофен за победник беше прогласен Томас Моргенштен (Австрија), а Шриленцауер заврши како трет, зад Андреас Бардал од Норвешка.
За победата на Шриленцауер многу влијаеше и лошиот резултат на водечкиот во Светскиот куп Андреас Кофлер, кој по првата серија беше дури на 27-то место.
Победникот од Бишофсхофен, Моргенштен во конкуренција на „Новогодишната турнеја“ заврши како втор, а трет беше Кофлер сите тројца од Австрија. За Шриленцауер ова е прв триумф на „Новогодишната турнеја четири скокалници“.
|