Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Писма
Македонија
08.01.2012, 18:51

Мое ќоше

Божик во Копенхаген

Ерол Ризаов

Кога сакав да го банкротирам САС

Една зима пред дваесетина и повеќе години, кога уште не бевме слободни и независни, една мала група новинари од бившите југословенски простори точно на католички Божик, летнавме од Пекинг за Копнехаген. Требаше по локално време негде попладне да пристигнеме во главниот град на Данска. Авионот на САС беше преполн. Чинам околу 300 патници. Игла да фрлиш немаше кај да падне. Сите сакаат на Божик да се дома. Само што полетавме не помина еден час кога пилотот не' извести дека со респираторните уреди има некаков проблем и ги замоли патниците, освен децата, да не ги користат тоалетите. Исто така, не' извести дека за време на целото патување нема да се служи ниту храна, ниту пијалаци. Убаво, си реков, ова може да му се случи и на САС. Се разбира, пилотот понуди алтернатива и ��раво на избор, рече дека можеме да се вратиме да се поправи дефектот и по еден или два дена да го продолжиме патувањето. Разбирливо, сите трошоци ги презема компанијата. Ниту еден патник не прифати одлагање на летот. Сите сакаа таа вечер да бидат дома. Нам ни беше сеедно, но го прифативме ставот на мнозинството.

Но, во стравот големи се очите. Шубето стана заразно. Каков дефект е тој. Што значи да не работат респираторните уреди. Нешто многу тресе. Во авионот владееше потполн молк. Сите ги префати некоја неизвесност и сомнеж. По извесно време налетавме на силно невреме, авионот имаше неколку драматични турбуленции. Или нам така ни се чинеше. Ситуацијата стана очајна. Залудно пилотот не' известуваше дека нема никакви проблеми и дека безбедно ќе стигнеме во Копенхаген. Насмеаните стјуардеси се' поретко ги гледавме. И тие беа седнати на своите седишта со наведнати глави. Неколку деца плачеа, а некои од патниците се крстеа. Сето тоа ми изгледаше застрашувачки. Ме обземаа црни мисли. Дали ова е крај. Сите бевме бледи како крпи. Таа агонија траеше со часови. Се обидов нешто да читам, но не можев да се концентрирам ниту една минута. Некој од колегите се обиде да кажува вицови. Црн хумор од црната кутија:

Копилотот: Џек, изгледа ја промашивме пистата.

Пилотот: Ако нешто ти значи, во право си..........

Се разбира, никој не се насмеа. Вицот, тогаш звучеше прилично глупо.

Конечно, предвечер, во мртва тишина авионот слета. Громогласен аплауз и овации за пилотот. Какво олеснување, каква радост.

Не' пречека еден од менаџерите на САС. На сите им понуди чек со обесштетување. Данците и другите Скандинавци, колку што можев да видам, го одбија тоа и пресреќни си заминаа. Ние требаше да преспиеме во Копенхаген. Ни понудија божикна вечера во хотелот на САС во центарот на градот. Мене ми го предадоа чекот, што се вели опен, отворен, без сума, колку сакаме можеме да потрошиме. Е, сега дојдоа до целосен израз новинарските споредни вештини. Се дотеравме, и еве не' во полупразна сала со огромни кристални лустери. Свири голем симфониски оркестар, а ние го имаме централното место. Со чекот во џеб, подготвен сум да го банкротирам САС. Тече кралската вечера, Моцарт ни ги залева залците, паштета од гуска, црн и црвен кавијар, путер, јастози, риби, морски плодови и чудовишта, дивеч, мисирка, вина од не знам која година, шампањ, торта, чоколада, овошје, коњак. И конечно, крешчендо, музичарите ја знаат „Билјана платно белеше“. Виолините ја разгалуваат душата. Го частам целиот оркестар со шампањ.

Лесно е кога друг плаќа.

Ете тоа беше еден Божик во Копенхаген кој доживотно се памети.

П.С. САС не банкротираше. Целиот цех беше колку една повратна карта до Пекинг и назад.

Утредента менаџерот ни се заблагодари за разбирањето.


Статијата е прочитана 1607 пати.

Испрати коментар



Божикен ручек во Прилеп
ОМ прашува каде е пресудата за Бошкоски
Невремето ја парализира половина држава
Битола и Пелагонија два дена без струја
Парите за лекови се претураат од една аптека во друга
Прославено Христовото раѓање
Се стега кругот околу Аџиев
Охриѓани задоволни од ефектите во туризмот
Операторите исклучуваат канали, но цената не се намалува



devicanecot, 09.01.2012 09:38:26
Ероле, Некако си контрадикторен. Ем не си бил слободен, ем не си бил независен,а уште тогаш си можел да леташ за Копенхаген...и не од Скопје, Белград или Истанбул..туку ете од Пекинг???,како најблизок стартен аеродром од твоето место на живеење. Е, да кажам и јас сум бил во Копенхаген за католички Божик и тоа пред околу 33 години. Тогаш по рестораните воглавном повеќето беа пијани..а во тоалетите имаше доста машки кои се бацуваа и милуваа меѓу себе, дури нас ни беше страв да одиме во тоалет...
dobar den, 09.01.2012 10:09:27
Zanimlivo i zabavno. Se dešava svešto na ovoj golem širok svet...
Do Erol, 09.01.2012 10:42:23
Навистина знаеш да релаксираш, да насмееш, да наљутиш, да натажиш, да замислиш, да подучиш ненаметливо и што е најважно човек да ужива читајќи те бидејќи се е јасно и едноставно. На партиски обоените од појавата на плурализмот не си им по кејф. Затоа си голем за нормалните.
Nikola - Kumanovo, 09.01.2012 11:09:37
Vidi majka ta, em nesloboeden i zavisen, a cel svet na malo prste go ima. Kade da mi e mene sega toa ropstvo od pred 20 i povece godini da mozam da robuvam.
Do devicanecoth, 09.01.2012 11:58:26
Ne slobodni i nezavisni e parodija (podsmev) na deneshnicata. Tokmu togaj bevme slobodni, nezavisni i nesvrstani. Shto od toa imame denes? E toa e sakal pisatelot da kaze, a ne da e kontradiktoren. Naprotiv!
Внимателен читател, 09.01.2012 13:38:12
Ми олесна, имало некој кој ја разбра иронијата на авторот со реченицата кога уште не бевме слободни и независни ....па летавме од Пекинг за Копенхаген.....а сега не можеме да одиме до Табановце би додал јас...
До Девичанецот, 09.01.2012 13:55:17
Ништо не си разбрал од текстот,прочитај го најмалку уште трипати,или некој да ти го објасни!Ерол се враќал од Пекинг ,преку Копенхаген! Од што ти било страв , ти се милуваш само со трезни мажи?!
Мето, 09.01.2012 18:36:26
Токму така. Во тоа време цела работничка класа леташе со авиони од Пекинг то Копенхаген и назад но сепак најубаво ни беше на летовање во Дојран!
Toni, 09.01.2012 18:42:46
Odlicno cetivo. Retko zabavno i veselo. Intuicijata na golemoto pero na Erol e plod na negovoto intelectualno iskustvo (pretpostavka e ova)...Samo taka znael deka ke uzivame vo tekstot. Ve molam poveke vakvi natpisi!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 0°C

Облачно

Вторник
Магла
Макс: 1°C, Мин: -4°C

Среда
Магла
Макс: 1°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Писма |