05.01.2012, 12:02 Петти триумф во серија за Чикаго Булс
Предводени од триото Карлос Бузер (19 поени, 7 скока), Дерек Роуз (17 поени, 10 асистенции) и Жоакин Ноа (13 поени, 11 скока), „биковите“ беа незадржливи во пресметката со Пистонси.
Кошаркарите на Чикаго булс забележаа убедлив триумф од 99:83 на гостувањето против Детроит, со што ја зголемија победничката серија на последните пет средби. Предводени од триото Карлос Бузер (19 поени, 7 скока), Дерек Роуз (17 поени, 10 асистенции) и Жоакин Ноа (13 поени, 11 скока), Булси беа незадржливи во пресметката со Пистонси.
Победа забележа и Мајами хит, кој со 118-83 ја прегази Индијана и ги залечи раните по киксот со Атланта. „Жешките“ заедно со Булси се првопласирани во Источната конференција со скор од 6-1. Најзаслужен за победата на Мами беше Леброн Џејмс со 33 поени, 13 асистенции и 8 скока.
Дирк Новицки со победа на неговиот Далас од 98-89 против Феникс го прослави јубилејниот 1000 меч во НБА лигата, а германскиот ас беше и најзаслужен за славјето со учинок од 20 поени, 6 скока и 7 асистенции.
Резултати: Детроит – Чикаго 83-99, Мајами – Индијана 118-83, Орландо – Вашингтон 103-85, Торонто – Кливленд 92-77, Бостон – Њу Џерси 89-70, Њујорк – Шарлот 110-118, Њу Орлеанс – Филаделфија 93-101, Минесота – Мемфис 86-90, Далас – Феникс 98-89, Сан Антонио – Голден стејт 101-95, Денвер – Сакраменто 110-83, ЛА Клиперс – Хјустон 117-89.
|