Ветеранот на Лејкерси со тројка на три секунди до крајот донесе победа против Маверикс од 73:70
Дерек Фишер е најзаслужен за триумфот на ЛА Лејкерс на синоќешните натпревари од НБА лигата против шампионот Далас, откако на само 3 секунди до крајот погоди шут за три поени за конечен триумф од 73-70.
Ветеранот во редовите на Лејкерси кој во досегашниот дел од НБА сезоната беше незабележлив сега донесе победа за својот тим притоа реализирајќи вкупно 13 поени на натпреварот. Само еден повеќе од него постигна Коби Брајант.
Во поразениот тим Дирк Новицки забележа 21 поен.
Дербито на вечерта и припадна на Оклахома која славеше на гостувањето против Бостин со 88-97.
Кевин Дурант беше најефикасен во триумфот со 28 постигнати поени, притoа плус со 7 поени и 4 асистенции, а Расел Вестбрук додаде уште 26 поени.
Селтикси ги предводеше Пол Пирс со 24 поени, додека „дабл-дабл“ забележаа ветеранити Кевин Гарнет (12 поени, 12 скока, 5 асистенции) и Џермејн О’Нил (12 поени и 11 скока).