16.01.2012, 12:30 Во Ниш полесно повреден македонски државјанин
Еден македонски државјанин се здоби со полесни повреди во синоќешната тепачка во Ниш, изјави за Танјуг портпаролот на нишката полиција Лидија Павловиќ.
Таа наведе дека македонскиот државјанин не е навивач и дека тепачката не е поврзана со играњето на репрезентацијата на Македонија на Европското првенство во ракомет, кое се игра во Ниш.
Павловиќ не прецизираше со кого се степал Македонецот, но дополни дека полицијата работи на утврдување на сите детали од настанот.
|