16.01.2012, 14:29 Македонија убедлива против Турција на стартот на ЕП во ватерполо
Македонската ватерполо репрезентација денеска со победа против Турција со 16:4, го почна свој настап на Европското првенство што се оджува во холандскиот град Ајндховен
Македонските ватерполисти во текот на целиот натпревар имаа позитивен резултат, освен во првиот напад кога Турција поведе со 1:0. По четвртини мечот се одвиваше 3:1, 2:0, 6:0 и 5:3.
Во македонскиот тим најефикасни беа Мирослав Ранџиќ и Борис Летицфа со по 4 гола.
По настапите во Малага, Шпанија (2008) и Загреб, Хрватска (2010), ватерполо репрезентацијата на Македонија трет пат настапува на 30-тиот континентален Европски шампионат, кој ќе се одржува до 29 јануари.
Со пласман меѓу шесте најдобри репрезентации, Македонија може да се надева на пласман на Олимписките игри во Лондон или настап во квалификациите за Олимпијадата во Лондон.
Покрај Турција, противници на нашите ватерполисти во групата „А“ се и селекциите на Грција (утре во 13 часот), Унгарија (четврток од 13 ч.), Италија (сабота 14:30) и домаќинот Холандија (понеделник-23 јануари од 19 часот).
Во втората група играат селекциите на Хрватска, С��бија, Црна Гора, Шпанија, Германија и Романија.
Двојките за првото коло се: група „А“: Македонија – Турција 16:4, Грција – Холандија (19:45) и Унгарија - Италија (21:15). Група „Б“: Хрватска – Романија (14 часот и 30 минути), Германија – Црна Гора (16) и Србија – Шпанија (17:30).
|