04.01.2012, 14:26 Четврта победа на Шилд на Слјеме
Австријката ја одбрани титулата „Снежна кралица“ пред Словенката Мазе и сонародничката Кирхгасер.
Четврта слаломска победа на Австријката Марлес Шилд на Слјеме над Загреб. На круните од 2006 година, од 2007 година и ланската ја додаде и годинашната, откако имаше за 1,40 секунди подобро вкупно време од Словенката Тина Мазе. Трета беше сонародничката на Шилд, Михаела Кирхгасер којка заостана 2,27 секудни. Сите три ги задржаа позициите од првото возење.
Двократната освојувачка на Слјеме, Финката Тања Путиаинен го освои шестото место, а Сандрин Обер од Франција, најдобра во 2010 година, не стигна на цела во втората трка како и ланската победничка во Светскиот куп и „Снежна кралица“ во 2009 година, Германката Марија Хефл-Риш.
За Шилд ова е 32 победа во кариерата во Светскиот куп и сега има две помалку од Швајцарката Врени Шнајдер, водечка на листата на победнички во слалом на сите времиња.
Шилд е лидер во генералниот пласман во слалом со максимални 500 бода. По неа следуваат Мазе со 287 бода и Кирхгасер со 205. Во генералниот пласман во Светскиот куп води Линдзи Вон со 641 бод пред Шилд со 540 бода и Мазе со 390 бода.
Резултати о�� слаломската трка на Слјеме: Марлес Шилд (Австрија) 2:01,32 минути; Тина Мазе (Словенија) +1,40 сек.; Михаела Кирхгасер (Австрија) +2,27 секунди; итн.
Генерален пласман во слалом: Марлес Шилд (Австрија) 500 бода; Тина Мазе (Словенија) 287; Михаела Кирхгасер (Австрија) 205; итн.
Генерален пласман во Светскиот куп: Линдзи Вон (САД) 641 бод; Марлес Пилд (Австрија) 540; Тина Мазе (Словенија) 390; итн.
|