Рамковски му врати на Груевски: Државни пари за партиски реклами
Од Владата ги демантираат обвинувањата од сопственикот на А1. Случајот ќе се најде пред Обвинителството и Антикорупциска
Александра М. Митевска
Јавното обвинителство и Антикорупциската комисија се заинтересираа за тврдењата на сопственикот на А1, Велија Рамковски, дека премиерот Никола Груевски ги плаќал рекламите на ВМРО-ДПМНЕ на оваа телевизија со буџетски пари. Од Комисијата за спречување на корупцијата најавија дека ќе го разгледаат случајот, бидејќи станува збор за сериозни обвинувања за, наводно, голема сума пари од државната каса. Сепак, конечната одлука на антикорупционерите ќе зависи од тоа дали случајот ќе го процесуира Обвинителството, од каде што вчера најавија дека понеделнички посериозно ќе им се посветат на тврдењата на Рамковски.
„Дваесет и пет милиони беше хајката, дека ми платил тој, дека на А1 и' платиле 25 милиони. Во три години не се повеќе од четири милиони, а создаваше атмосфера на 25 милиони. Во тие четири милиони имаше и партиски пари од буџетот што ми ги плати, тоа го знае и тој. Не правам јас криминал, тој го правеше криминалот“, ја пренесува А1 изјавата на Рамковски. Според него, ова се случувало во првите три години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ - до средината на 2008 година.
Од Владата соопштија дека најостро ги демантираат тврдењата на Рамковски дека владините реклами биле користени за покривање трошоци поврзани со партиски кампањи.
„Тоа тврдење на Рамковски претставува груба лага и манипулација, чија единствена цел е да направи обид за оттргнување на вниманието на јавноста од она што е фактичка ситуација, а тоа е контролата на државните институции на шест компании лоцирани на иста адреса каде што се наоѓа и А1 телевизија и основаниот сомневање дека тие компании имаат направено сериозно и грубо прекршување на законите“, се наведува во соопштението од Владата. Оттаму велат дека жалат за манипулацијата со јавноста. Сепак, во соопштението нема најави за тужба за клевета против сопственикот на А1 и покрај владините тврдења дека Рамковски „користи најприземни средства и прибегнува кон пласирање бескрупулозни лаги и невистини“. „Оставаме јавноста сама да процени кои се неговите мотиви за тоа“, се посочува во владиното соопштение.
Рамковски во петокот вечерта, во настапот на А1, по бурната четврточна вечер во оваа телевизија, тврдеше: „Должи партијата. Ме замолува, не можам да ти платам, можам да ти платам преку владините пари, преку фактурите од владините пари. Да, неисправно е, вели премиерот, јас да ти платам од буџетот. Па, да ми плати. Сум рекламирал, зашто да не ми плати. Изворот од каде е? Во тоа ќе влезам, еве службите тоа нека го испитуваат. Колку се рекламирала ВМРО - ДПМНЕ на А1“.
Државниот јавен обвинител, Љупчо Шврговски, викендов информираше дека веќе го задолжил скопското Основно обвинителство од денес да го испита случајот. „Веќе е задолжен скопскиот јавен обвинител Зврлевски. Обвинителите ќе ја преслушаат изјавата на Рамковски. Имаше реакции меѓу обвинителите, откако го слушнаа на телевизија тврдењето на Рамковски дека Груевски со пари од Владата му плаќал за изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Шврговски за телевизијата Алфа.
Скопскиот јавен обвинител Марко Зврлевски вчера ни изјави дека само бегло ја слушнал изјавата на Рамковски на А1, но дека од денес потемелно ќе му се посвети на случајот и ќе ја преслуша целата изјава. „Тоа е принцип на легалитет, постапување по допрен глас од јавноста. Добро ќе ја преслушаме изјавата и во зависност од нејзината сериозност и од тоа дали Рамковски може да понуди докази за своите тврдења, ќе одлучиме што натаму“, објаснува Зврлевски.
Го контактиравме и претседателот на Антикорупциска, Илми Селами, кој вели дека кога ги слушнал наводите на Рамковски веднаш заклучил дека има елементи за случајот да се најде пред Комисијата. „Антикорупциската комисија во секој случај ќе го разгледа ова прашање, но во краен случај нашата одлука би била поднесување иницијатива за кривично гонење до Јавното обвинителство. Затоа ќе контактираме со Обвинителството за да не се дуплираме во постапката, доколку тие го процесуираат случајот“, изјави Селами.
Директорот на УЈП, Горан Трајковски, вели дека УЈП може да ги провери А1 и ВМРО-ДПМНЕ како партија, но дека не може да го контролира работењето на Владата, бидејќи за тоа бил надлежен Државниот завод за ревизија. (А.М.М.)
Под лупа документацијата на фирмите од „Перо Наков“ бб
Финансиската полиција, истражен судија и инспектори од УЈП денес ќе ја прегледаат запленетата документација од шесте фирми на улицата „Перо Наков“, кои се на иста адреса со А1 телевизија. Во меѓувреме, се вештачат и запленетите околу 50 компјутери од овие фирми и од нивни управители. Процените на Управата за јавни приходи се дека до крајот на годинава ќе бидат комплетирани записниците за фирмите во кои влегоа инспектори, по што ќе има соодветни правни постапки.
Во текот на неделава УЈП ќе достави решение за затајување данок од околу 96 милиони денари до фирмата „Акстра трејд“, која, како што вчера брифираа од Управата, не им овозможила на даночните инспектори пристап до документите и чии овластени лица не се појавиле на завршниот разговор.
Директорот на УЈП, Горан Трајковски, се пожали дека на инспекторите што биле присутни во фирмите на „Перо Наков“ не им бил понуден ниту еден посериозен документ за да се направи увид во состојбите. „Додека инспекторите беа во објектот на улицата ’Перо Наков’ бил присутен само еден од управителите, кој постојано тврдел дека не знае каде се регистрите. Поради тоа што управителите на шесте фирми одбиваа да соработуваат, бевме принудени да побараме асистенција од Финансиската полиција“, објаснува Трајковски.
Од УЈП информираат дека степенот на ризичност на една фирма е еден од основните критериуми при изборот каде што ќе се врши даночна контрола, но и дека некои фирми влегуваат на листата поради поврзаност со други фирми. Шесте фирми на иста адреса со А1 - печатницата „Мисирков", „Плус продукција" , „Акс-стра" , „Синим" , „Акстра трејд", „Време ЕЧ" и „Плус-ком", биле посочени како ризични според повеќе индикатори. Меѓутоа, до овие фирми довела и верижната контрола. Односно, како што велат од УЈП, прво се контролирало работењето на „МИА Бевериџис", која во еден ден продала седум атрактивни возила, од кои повеќето на фирмата „Плус-ком“. „’МИА Бевериџис, според УЈП, имала забрана да го отуѓува имотот, поради побарувања од неа по основ на неплатен данок“.
„Значи, тргнавме од улицата ’Сава Ковачевиќ’ за да стигнеме до ’Перо Наков’“, вели Трајковски. (А.М.М.)
ВМРО-ДПМНЕ: Велија да одговори дали плаќал данок
ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли и ги нарече лаги и манипулации сите обвинувања упатени од Велија Рамковски, кој, нагласуваат, сака да ја смени темата на дебата од Управата за јавни приходи и контролата во шесте фирми на „Перо Наков“ бб во Скопје.
„Милионерот Рамковски своите лаги, клевети и манипулации овој пат ќе мора да ги докаже на суд. Ако е вистина тоа што го зборувал, зошто досега молчел, туку тоа го кажува кога почнаа инспекциите во фирмите. Кога станува збор за угледот, честа и кредибилитетот на ВМРО-ДПМНЕ, кој сме го граделе макотрпно, нема да имаме милост“, рече на вчерашната прес – конференција, Сашо Стефаноски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. „Велија треба да даде еден јасен одговор дали плаќал данок и дали преку неговите фирми се извршувало перење на милионски суми“, изјави Стефаноски. (МИА)
Dosta Velija, nikoj ne ti veruva.Neli ti e dosta od tvoite lagi i tvojot kriminal?Prodavas prehrambeni artikili stetni po zdravjeto na decata. Kakov covek si ti?Do kade odat tvoite ambicii?Nemoze veke ni televizijata,ni novinarite,niti SDSM da te spasi.Otkrieno e tvoeto vistinsko lice.
Од: Skopjanec
Датум: 29.11.2010 12:24:41
VMRO-dpne vakov upad mu napravi i na Zingo vo Sileks.Koj bese uplasen vo srz, taka da za kratko vreme Zingo se svrti za 360 stepeni od soscijalist stana preku nok kapitalist.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 29.11.2010 12:32:18
Еве и тука бараме материјални докази за изреченото обвинение,дали тоа се уплатници,дали се вирмани нека ги презентира јавно и веднаш нека обвинителот поднесе кривична пријава за власта.Едноставно и разбирливо како за опозицијата така и за коментаторите.Се друго е политиканство и манипулација да се заштити вашиот медиумски а сега тотално срозан тркач во криминалното однесување.
Од: Репортер
Датум: 29.11.2010 12:34:06
Некој треба да му помогне на Велија Рамковски да состави нормална реченица, Тоа тешко може да го очекува од неговите фронтмени Борјан Јовановски и Александар Чомовски кои повеќе мафтаат со раце и викаат кога ги водат дебатните емисии на А1 и А2.
Од: забеган.
Датум: 29.11.2010 12:39:25
Жалеле вмр-овциве што Велија искажал невистини.Нека не сметат дека Човекот ако нема докази така јавно би излегол да каже.Сепак е тоа голема одговорност да оптуже за криминал од 4 (четири) милони евра се знае што го чека ако лаже.Но ова мора да се расчисти.Секој што си дробел нека си срка.Секој паметен ЧОВЕК треба да знае кај одат неговите пари.Дали за Велија или За Вмро сеедно.Со НАРОДНИ пари некој да сии игра е неќе може.
Од: Hari
Датум: 29.11.2010 12:39:45
Nepromisleno, diletantski poteg na Firerot! Koga slavata ce ti udri vo glava se gubi ramnoteza, naj jak vo drzavata ne e Grujo i Velija, tuku edinstveno narodot. Kriminalecot ne moze vecno da bega od dueli i da dava izjavi pomegju dva kontejnera, na duel se postavuvaat nezgodni prasanje??? Se otkri mitot za Gruevski istao kako i za Ljupco pred 15 godini.
Од: bt
Датум: 29.11.2010 12:48:33
bilo koj i kako sekoj so svoite posledici
Narodot bara sekoj da si Odgovara za storenoto
Од: senegal
Датум: 29.11.2010 12:58:58
Очигледно е дека "новинарите" на а1 се плашат за своите работни места затоа што ако го снема велија ја снема и а1.Истото се случуваше и со бајруш сејдиу шефот на тутунот или како и да се викасе.Замина во затвор а "работниците" од неговите фирми правеа протести кој ке им давал плата.Истото е и сега.Знаат од а1 дека незаконски работеле останатите фирми ама за паричка плачат.....
Од: valdez
Датум: 29.11.2010 12:59:29
Koga VElija zemal pari od VMRO vo tolkav iznoz a gi kritikuvase vo sekoja emisija , pa zamislete sto mu pravi na SDSM kako opozicija za da gi promovira kako partija. mu ja ima odrano kozata.
So ova se donesuva zaklucok deka dvete najgolemi partii padnaja pod vlijanie na Velija za toj da go kreira politickiot ambient vo Makedonija.
Inace ne sum clen na nitu edna partija , ama od moja gledna tocka redno bese da se vidi kako raboti Velija, i od kade tolkav prihod za zamocite sto gi ima.
Pobarajtego Buckovski koj kako premier imase izdadeno nalog vo 2006 g. za finansiska kontrola na A1 i pronajdeteja snimkata , sto mozi da se vidi kako pomina togas inspektorkata vo dvorot na A1.
Од: borce
Датум: 29.11.2010 14:04:36
Zalno no vistinito sekoja partija si ima firmi chto kradat pravat kriminal a partiite si gi chtitat.Koga nekogo koj e zachtiten partiski ednite go kritikuvaat drugite go falat.Ovie ne se politicari nego aramii koj go kradat narodot.
Од: Трпе
Датум: 29.11.2010 14:17:38
Овашто се случи,помеѓу Велија и владетелот е поради одбиената лубов на господинот Велија на владетелот.Владетелот е батко Ѓоргија,што виде убаво сака да е негово.Исто така владетелот беше навреден и поради откривање на некои тајни од страна на А! телевизија во врска со фамилијата.Господинот Трајковски раскажуваше приказни за мали деца.Кој му е виновен кога има неспособни инспектори кои не знат да лажат како нив.Лугево беа пребледени плашејки се за работните места.Мора да откриват криминал кој бил легален во договор со власта.
Од: blagica
Датум: 29.11.2010 15:32:50
zanimavaat pa tolku mnogu go forsiraat na A1. dgabe mu e na Velija iznesuvanjeto nevistini vo javnosta i truenje na narodot, se ce izleze na videlina. Ke se dokaze deka site tie firmi se negovi i site se zanimavat so perenje pari a A1 mu e samo pulen kade kazuvaat samo nevistini za vladata. Izgleda na Velija mu odgovara Branko da dojde na vlast ce moze samo so kriminal da se Samo mnogu se zafrknal ovoj pat, ne samo sto narodot ne mu poveruva , so isklucok na negovite novinari koj sakale , nejcele mora da bidat od negova strana, drugiot narod znae koj e koj vo prikaznata.
Од: Насредин Оџа
Датум: 29.11.2010 16:40:27
А да ги презентираше Велија изводите од каде му се платени фактурите?
Или пак можеби мисли дека некој му верува кога вели дека Владата му плаќала во кеш?
Ну син му не му верува!
Од: јас
Датум: 29.11.2010 16:45:05
Па Среќко имајќи ги предвид четирите станчина на мама , не верувам дека исплатата одела преку жиро - сметка .Такви работи се прават вон платниот промет , од рака на рака..И ОП никнуваат од никаде 4 стана на мама!!
Од: Trpce
Датум: 29.11.2010 17:06:46
edno ne mi e jasno... si ima li SDSM televizija A! ili Velija si ima poshlushi partiji... a gi laze deka moze so eden bunt da go zashtitat negoviot kriminal i revolucija da napravat... kako smee Inspekcijata da go cepka Velija, odma najdoa deka direktorot na UJP pushi vo kancelarija... ete razlog da padnat inspekciskite naodi vo voda... ))
Од: Stojko
Датум: 29.11.2010 17:10:42
Do Srecko> Masala, denovive bas si ja zarabotuvas platata....
Од: Ја
Датум: 29.11.2010 19:00:09
Оваа приказна сега ми личи на народната „Се тресеше гора се роди глушец“.НО, по смената на оваа ненародна власт МВР и Обвинителството ЌЕ ИМААТ МНОГУ РАБОТА.Нели Среќко (можеби и ти си дел од тоа).
Од: Ајван Доктор®
Датум: 29.11.2010 19:41:35
Спречувањето на слободното движење на новинарите е очигледната намера,видливо беше и од преносот што го вршеше А1од својот двор и своите простории,па и од снимките кои ги даваат секој ден!Тука нема ништо спорно и тоа нема никаква врска со обидот за проверка на книговотството од фирмите!Немите службеници на УЈП и на МВР е ужас кој го прикажува нивниот страв од последиците!Ѕинго е невидена сторија која нема никаква врска со Социјализмот,ниту со Капитализмот!Уште во ’82,или ’84го пишуваа во Белград и Загреб,како „Карингтон од Кратово“!Човек кој успеа да „купи“цел еден град,сосе фирмите,не случајно го споредуваа со Капиталистот од„Династија“!Проблемот е „ситен“!Сите фирми беа ОПШТЕСТВЕНИ во приватна сопственост на членот на ЦК СКМ!Слична е приказната на повеќето„капиталисти“:Камчевци,Мукаетовци,Свето-„Пивара“!Ова го има само во најтемните вилаети,никаде на друго место!За жал ова е сликата на Средниот век!Таму сме!Најновиот тип „талентиран“подмладок за 1година стекнува 4 станчиња за мама!
Од: Kalimero
Датум: 29.11.2010 19:45:12
Ovaa izjava e od nasata `narodna` Blada - Оставаме јавноста сама да процени кои се неговите мотиви за тоа
Javnosta da proceni dali e plakano od budzetot za portokalovi lagi. Ma daj molim ve, gospoda od Bladata. Pa vie gospoda od nasi pari zemate plata i ima institucii, iako se partiski, koj treba seto ovoa da go potvrdat ili otfrlat. Pa neka stave potpis nekoe podsekretarce deka nemalo plakanje od budzetski pari za portokalovi bajki. Ke go vidam posle koga ke se smene vlasta, kade ke odat i sto ke pravat so sebe. Nema potreba Velija da dokazuva, neka vladata gi pokaze svojte plakanja na narodot, so dostapnost na informaciite koj e so zakon dozvoleno, ama nekoj e nad zakonite. Koj li e, ovaa prasanje e do Gordeto, koja narodot ja plaka kako ministerka, dodeka ona e partiski megafon.
Од: алек
Датум: 29.11.2010 22:04:56
Никој тотално никој не му верува на лагите од Велија,само исклучок се луѓето од Сдсм кои во целост го подржуваат криминалот на Велија.Срамота е вака да се манипулира со граѓаните срамота е.
Од: Singo
Датум: 30.11.2010 01:15:39
Da bide sledniot ako smeete!
Од: CACKO E OD KAVADARCI
Датум: 30.11.2010 06:18:40
A dali gazda Velija si plati danok za pvie 4-5 milioni evra?Kako e mozno koga celokupniot platen promet pogotovo pomegu firmite se odviva virmanski kaj gazda Velija da se najdat tolku mnogu pari vo kes( a siguren sum i sega vo ovoj moment da se otvori negoviot sef samo vo eden negov diskont ke najdete poveke od 100000 evra vo denari i devizi)?Drugo nesto sto e diskutabilno e faktot sto tokmu site gosti vo nivnata programa povikaa na urivanje ne samo na Vladata tuku i na pravniot poredok sto e ramno na drzaven udar no so koja cena? Dali gazda Velija gazot da si go spasi ili e vo prasanje odnapred smisleno scenario? Konecno licata koi se narekuvaat novinari na celo so COM Borjan i Gspogicite Geteva-crna hronika Katerina i drugi najpristrasno bez gram doza na covecnost i pravdina plukaa i mavaa po Policijata i po celiot sistem sto e za celosna osuda.Se prasuvam dali Velija e nad zakon , dali Velija e ist kako i drugite stopanstvenici i gragani na R.Makedonija ili Velija e nad nas.
Од: kriminal
Датум: 30.11.2010 08:21:53
Cacko e od kavadarci megutoa ne sme ni nie od tunguzija. Neplakanjeto danok e sekako kriminal, i Velija veruvam deka go pravi toa dvaeset godini. Megutoa kriminal e i kupuvanjeto cetiri stana na edna medicinska sestra koja vo toj period ne platila ni denar danok. Kriminal e i plakanje na reklami so drzavni pari. Se sekavate li na izjavata na Stojmenov deka na VMRO mu odobril popust od 90 posto za reklamiranje. E sega tie devedeset posto kako mislite deka se nadoknadeni. Se znae so kampanji od Vladata. Kriminal e isto taka koga nekoi lugje se so raborno mesto vo stabovite na VMRO a platata im stiga od razni drzavni fondovi i javni pretprijatija? Seto toa e isto taka kriminalo drai Cacko.
Од: iskrena
Датум: 30.11.2010 08:54:47
Abe sto ke mu vraka na Gruevski nemoj ne me smeejte sega Velija ne znae kako da se izvadi se izlezee vo javnost so negovite firmi ni televizijata,ni novinarite,niti SDSM ne moze da te spasi pravi samo cirkuzi i ajtt sega ke trese glupostii epa Velija red bese i ti da go jades !!!
Од: Od fakelaki
Датум: 30.11.2010 09:51:40
Vo Makedonija ima najubava klima za kriminal do koga vaka duri se mozi za vistinata nekosta nisto za lagite se plajka ...............
Од: leftern
Датум: 30.11.2010 10:02:25
da dades takva izjava deka grdujo platil 4 milioni evra narodni pari za reklama na DPMNE,treba da si lud ili hrabar..ne mi izgleda deka ramkovski e lud..nesto je trulo u drzavi danskoj...