Број 3447  четврток, 02 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Обвинителството на тест

Гордана Дувњак

Македонската лексика секојдневно се збогат��ва со нешто што може слободно да се нарече „институционална фразеологија“. Ако веќе навикнавме дека полицијата работи „согласно со законот“, а судот во истражната постапка не може да открива детали, бидејќи „истрагата е во тек“, која е тогаш омилената фраза што ја користат нашите обвинители?

Веројатно, нешто од типот дека „секој предмет за нив има еднакво значење и ќе добие ист третман, како и сите други“. И добропознатата и универзална реченица дека криминалот не познава вера, нација и партија.

Но, дали е тоа навистина така?

Колку и обвинителите да се трудат да ја релативизираат „посебноста“ на некои предмети и да тврдат дека не им е важно кон кого е насочена истрагата, дури и да сакаат, тоа не можат и да го направат.

Државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски деновиве е чест гостин во медиумите. Не помалку присутен во јавноста е и скопскиот јавен обвинител Марко Зврлевски, а со наменска изјава се јави дури и обвинителот за организиран криминал Јован Илиевски, кој ретко имаме прилика да го видиме во медиумите.

Од морето кривични пријави и „допрени гласови во јавноста“, сепак, интересот на седмата сила, главно, е насочен на две мегаафери. Едната, поврзана со висок функционер на опозицијата, наречена „Надеж“, а другата со начинот на функционирање на власта, која се однесува на трошење државни пари за партиски кампањи.

Новинарите живо ги интересира како ќе постапи Обвинителството по иницијативата поднесена од Антикорупциската комисија, која побара да се преиспита дали поранешниот шеф на државата и актуелен лидер на опозицијата, Бранко Црвенковски, без тендер ненаменски потрошил 300.000 евра. Пари кои, наводно, легнале на сметка на тројца словенечки експерти што му нуделе совети како полесно да ја урне власта.

Не помалку интересно за јавноста е да се види и дали Обвинителството ќе загризе на мамецот што го фрли сопственикот на А1 телевизија, Велија Рамковски. Бизнисменот кој деновиве е „предмет на обработка“ од Финансиската полиција и инспекциите, кои ја проверуваат легалноста на неговите фирми, во интервју за сопствената телевизија се обиде вниманието да го насочи на друга страна. Удри во најчувствителната точка на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која се обидува да се прикаже како безгрешна и некорумпирана партија. Рамковски тврди дека иако цели три години неговата телевизија им нудела големи услуги на Владата и на партијата, Груевски му останал должник за неколку милиончиња евра. Газда Велија дури и јавно кажа дека дел од партиските реклами биле плаќани со државни пари, но, како што рече, „криминалот го правеше Груевски, а не јас, мене ми беше битно да ми платат за рекламирањето“. Ја обвини партијата на власт дека му платила само 370.000 евра, а според ценовникот и минутажа, наводно, побарувал близу 5 милиони евра.

И покрај тоа што Обвинителството јавно го повика Рамковски лично да им ги достави доказите, изгледа дека тоа не му паѓа напамет на медиумскиот газда. Рамковски ќе чека обвинителите сами да го повикаат и да соберат податоци, а дотогаш најавува дека документите ќе ги доставел до Канцеларијата на Европската комисија.

Сега на потег е Обвинителството. Без оглед дали овие предмети ќе ги работи скопското Обвинителство или специјалното обвинителство, она што се очекува е да бидат темелно проучени и обработени. Без пристрасност, тактизирање, без желба за забошотување или, пак, за откривање вина таму каде што нема место. Само на тој начин Обвинителството ќе добие вистинска почит и ќе ја оствари својата уставна улога и нема да биде нечија политичка маша.


#
Статијата е прочитана 898 пати.

Испрати коментар

Од: Ali-Skopje
Датум: 02.12.2010 12:49:18
Banana Rapablic
Од: забеган.
Датум: 02.12.2010 13:19:14
Гордана за какво обвинителство пишуваш.Кде е тука и судството.Нели пред некој ден имаше фатени на лице место (Рекетари) ИСПЕКТОРИ со службено ауто каку земат рекет,Плус го има ЧОВЕКОТ натепано.Што да очекува тој човек?.Кога ДРЖАВАТА него заштитува.Што утре ако се деси на некој друг а нема верба во Државата.Треба ли сам да си преземе мерки.Да бев на негово место знам како ќе реагирав пред камери ќе им пресудев.
Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 02.12.2010 14:04:58
Ajde FELIX, da cueme sto imas da kazes....
Од: karokan "gambit"
Датум: 02.12.2010 16:00:39
Pa Goce Delcev,Pitu Guli i jas go cekam Felix da vidam sto ce kaze. Pred nekoj den mu go kazav toa sto sega go pisuva Ducnjak,deka obvinitelstvoto ce mora samo da gi sobira dokazite!! Nauci nesto od toa Felix,vreme e za isprasuvanje!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 02.12.2010 17:26:22
Надеж не го коментирам,го оставам како залиха.Добро е што ме чекаат ГД и ПГ топтан сосе шаховскиот чирак за коментар.Вечерва имате несекидневна прилика да гледате на АЛСАТ јавно посипување со пепел со задршка да изреченото било во афект.Дури и се ретерира во евро износот,но поради континуитет се истрајува на буџетски пари.Инаку како легалист за понудени материјални докази нека одговара лично премиерот ако дал државни пари за партиска реклама.
Од: sande
Датум: 02.12.2010 21:11:11
Ako moze edna zelba za nova godina koja ni dovadja sega brgu, so ogled deka se zboruva za teski kr.dela so povece milionski sumi a koi se tovarat i segasniot i poranesniot premier a edniot i pretsedatel na drzvata, jas bi zamislil da gi vidam i dvajcata vo edno specijaliziranooddelenie vo sutka so direkten prenos od televizija A1, kako farma i slicni realiti sou programi i vi garantiram cela makedonija ke bide posrecna i povesela vo novata godina sto dovadja, da dade gospod

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Цел свет трага по газдата на „Викиликс“
Прво нов закон, па потоа ќе играме ЈУ-лотарија
Раскошно музичко доживување
Партиска биографија
Здравството скапува
Фарса или избор за домаќинство на СП 2018 и 2022 година
Русија домаќин на Мундијалот во 2018, а Катар во 2022
Еван Мекгрегор одлично се бакнува
Брисел ќе праша каде оди Македонија
За државата и десерт, а општините на диета
Италија по 13 години, пак ќе запее на „Евросонг“
Политиката на негативизмот
Карикатура
Во Кратово реставрирана Симиќева кула
Енергија
Ливерпул и ПСЖ пројдоа во Лига Европа
Стил
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars