Ливерпул и ПСЖ пројдоа во Лига Европа
(03.12.2010г.-10:16ч.) Вкупно 18 обезбедија пласман во пролетните натпревари од фудбалската Лига Европа. Тоа се екипите на Манчестер Сити, Лех, Баер Леверкузен, Спортинг, Динамо Киев, БАТЕ Борисов, ЦСКА Москва, Спарта Прага, ПСЖ, Виљареал, Зенит, Штутгарт, Јанг Бојс, ПСВ, Металист, Ливерпул, Порто и Бешикташ. Преостаните екипи што ќе играат во 1/16 финалето на ова натпреварување, ќе бидат познати по одигрувањето на последното коло, закажано за 15. и 16. декември. Вчера се играа мечевите од шест групи: Група „Ј“: Борусија Дортмунд – Карпати 3:0 и ПСЖ – Севиља 4:2. Табела: ПСЖ 11 бодови, Севиља 9, Борусија Дортмунд 8, Карпати 0. Група „К“: Утрехт – Наполи 3:3 и Стеауа – Ливерпул 1:1. Табела: Ливерпул 9 бодови, Стеауа 6, Наполи и Утрехт по 4. Група „Л“: ЦСКА Софија – Бешикташ 1:2 и Рапид Виена – Порто 1:3. Табела: Порто 13 бодови, Бешикташ 10, Рапид Виена и ЦСКА Софија по 3. Група „Д“: ПАОК – Бриж 1:1 и Виљареал – Динамо Загреб 3:0. Табела: Виљареал 9 бодови, ПАОК 8, Динамо Загреб 7, Бриж 3. Група „Е“: БАТЕ Борисов – Динамо Киев 1:4 и Шериф – АЗ 1:1. Табела: Динамо Киев и БАТЕ Борисов по 10 бодови, Шериф и АЗ по 4. Група „Ф“: ЦСКА Москва – Лозана 5:1 и Палермо – Спарта Прага 2:2. Табела: ЦСКА Москва 15 бодови, Спарта Прага 8, Палермо 4, Лозана 1.
|