Број 3447  четврток, 02 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Скандал

Цел свет трага по газдата на „Викиликс“

Џулијан Асанж е осомничен за силување, сексуална злоупотреба и за принудување на секс

Интерпол го стави основачот на Интернет-страницата „Викиликс“, Џулијан Асанж, на списокот најбарани лица и активираше меѓународна потерница по него, врз основа на сомневањата на Шведска дека извршил сексуално насилство.

Меѓународната полициска организација со седиште во Лион, во Франција, ја издаде т.н. „црвена белешка“ за Џулијан Асанж, кој е роден во Австралија, што е еднакво на неговото вклучување на листата најбарани лица.

Одлуката на Интерпол беше очекувана, откако во средината на минатиот месец шведскиот суд го одобри барањето 39-годишниот Асанж да биде повикан на сослушување. „Црвената белешка“, која беше објавена на сајтот на Интерпол, најверојатно, ќе го отежни неговото патување во странство.

Асанж, чие моментно место на живеење не е познато, е осомничен за силување, сексуално злоупотребува и за незаконско принудување на секс. Тој ги отфрла обвиненијата што беа поднесени по неговата средба со две жени при посетата на Шведска, во август годинава. Неговиот адвокат го очекува исходот од жалбата поднесена пред Врховен суд во земјата.

И додека светската полиција трага по Асанж, тој денеска во интервју за неделникот „Тајм“ побара оставка од американската државна секретарка Хилари Клинтон. Разговорот бил сниман преку телефонскиот сервис „Скајп“ од тајна локација. Асанж вели дека Клинтон треба да поднесе оставка ако се докаже дека им наредила на американските дипломати да ги шпионираат своите колеги од другите земји, бидејќи на тој начин се прекршени меѓународните конвенции.

Клинтон вчера изјави дека објавувањето доверливи документи претставува „напад врз меѓународната заедница“. Американскиот Стејт департмент, во меѓувреме, го укина пристапот до доверливата кореспонденција од владината компјутерска мрежа, откако „Викиликс“ објави огромен број тајни документи.

„Мерката драстично ќе го ограничи бројот на владините службеници што можат да читаат важна дипломатска  кореспонденција. Одлуката е привремена, но ќе биде во сила се' додека не бидат коригирани слабостите во заштитниот систем на информацијата на Стејт департментот“, изјави неговиот портпарол, Пи Џеј Кроули.

Асанж најави и дека подготвува нова серија тајни документи, во кои овој пат ќе се дознае вистината за голема американска банка. Неговата изјава веднаш преди��вика пад на акциите на Бенк оф Америка за повеќе од три проценти.

Се смета дека Асанж води таен живот и ретко спие на исто место две вечери едноподруго.


Мајка му бара да не го апсат

Мајката на Џулијан Асанж, основачот на „Викиликс“, изјави дека е длабоко вознемирена затоа што Интерпол издал „црвена“ тревога за нејзиниот син. Кристин Асанж изјави дека таа „реагира како што би реагирала секоја мајка“ и оти е загрижена за состојбата на својот син. Асанж, кој е Австралијанец, е баран од Интерпол во врска со две обвиненија за силување од шведската полиција. Не е познато каде се наоѓа. Известувањето да се помогне во неговото апсење следуваше среде објавувањето на илјадници доверливи американски дипломатски документи на веб-страницата „Викиликс“.

„Тој е мој син и јас го сакам, се разбира, не сакам да биде прогонуван и затворен“, изјави таа за австралиската медиумска корпорација од својот дом во Саншајн Коуст, Квинсленд. „Многу работи што се напишани за мене и за Џулијан не се точни“.

Асанж (39) ги негираше тврдењата за силување дадени од две познанички, при што рече дека обвиненијата биле обид да се наруши неговиот кредибилитет. Неговиот прв обид да се отфрлат обвиненијата на суд беше одбиен минатата недела. Тогаш тој поднесе втора жалба.

И Буш загрижен од „Викиликс“

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш се приклучи кон групата американски претставници што го опишаа обелоденувањето чувствителни владини информации како „многу штетно“, изјавувајќи на форум во седиште на „Фејсбук“ дека неодамнешното објавување на 250.000 документи на „Викиликс“ може значително да го наруши имиџот на Вашингтон во странство.

„Ќе биде многу тешко да се зачува довербата на странските лидери“, изјави 43. претседател на нацијата, за документите што се однесуваат на прашања од Иран до Хондурас и Турција.

„Ако разговарате со странски лидер и ако тој разговор заврши во весник, тоа нема да ви се допадне. Мене не ми се допадна“. (Дојче Веле/Телеграф/Си-Ен-Ен)

Еквадор му понуди азил на Асанж

КИТО - Заменик-министерот за надворешни работи на Еквадор, Кинто Лукас, изјави дека неговата влада сака да го покани Асанж во Еквадор за да му даде можност јавно да зборува. Тој рече дека Еквадор е загрижен поради некои наводни американски активности објавени од „Викиликс“.

Во почетокот на годинава Шведска ја одби апликацијата за жителство на Асанж, кој има австралиско државјанство.

„Ние сме отворени да му дадеме престој на Еквадор, без каков било проблем и без какви било услови“, рече Лукас. „Ќе се обидеме и ќе го поканиме во Еквадор слободно да ги презентира, не само преку Интернет туку, исто така, преку различни јавни форуми, информациите и документите што ги има. Сметаме дека би било важно не само да се разговара со него, туку и да се слушне“, додаде Лукас.

„Викиликс“ соопшти дека има повеќе од 1.600 документи што потекнуваат од американската амбасада во главниот град на Еквадор, Кито, чии содржини се' уште не се објавени. Лукас рече дека Еквадор е „многу загрижен“ од информациите што ги објави „Викиликс“ во кои американски дипломати се поврзуваат со шпионирање на пријателски влади. Тој рече дека понудата до Асанж нема да влијае на односите меѓу левоориентираната влада на Еквадор и САД.

Властите на Австралија соопштија во понеделникот дека разгледуваат дали Асанж прекршил некои закони таму. Шпанскиот весник „Ел Паис“ пишува дека според таен документ објавен на „Викиликс“, американските разузнавачки оперативци сакале да знаат дали претседателката на Аргентина, Кристина Фернандез де Киршнер, земала лекови за да се справи со „нервите и стресот“. Во пораката се прашува: „Како емоциите на Кристина Фернандез де Киршнер влијаат врз нејзиното донесување одлуки и како таа се смирува кога е вознемирена?“ Во документот на Стејт департментот, што датира околу 10 месеци пред смртта на нејзиниот сопруг - поранешниот претседател Нестор Киршнер во октомври, исто така, се прашува дали таа го имала неговиот „непријателски став“ во политиката.

Претседателот на Венецуела, Хуго Чавез, ја поздрави страницата „Викиликс“ и побара од американската државна секретарка Хилари Клинтон да поднесе оставка по најновите обелоденувања на „Викиликс“. „Некој треба да ја испита психичката стабилност на Клинтон“, рече тој и додаде: „Тоа е најмалку што можете да го направите: Поднесете оставка з��едно со оние други деликвенти што работат во Стејт департментот“.

Во друг документ објавен од „Викиликс“ од јануари 2008 година се наведени детали за соработката на Бразил со САД за контратероризмот. Во него тогашниот американски амбасадор во Бразил Клифорд Собел го информирал Вашингтон дека полицијата честопати апсела поединци поврзани со тероризам, но ги обвинувала за нарко или царински прекршоци за да не се привлекува медиумско внимание. Во Бразил живее големо арапско население и земјата јавно негираше дека учествувала во контратерористички операции. (Би-Би-Си)

„Викиликс“ ќе добие конкуренција

Рејкјавик - Дисиденти од „Викиликс“ поради несогласување со основачот на оваа Интернет-страница, Џулијан Асанџ, планираат да формираат друга страница што ќе биде слична на сегашната, соопшти поранешен исландски член на „Викиликс“. 

„Сакаме да лансираме систем, различен од ’Викиликс‘“, објасни 25-годишниот студент по историја, Херберт Снорасон. Новиот проект опфаќа „слични идеи со ’Викиликс‘“, кој во последните неколку месеци објави стотици илјади доверливи државни документи.

Во проектот учествува и Германецот Даниел Домшајт-Берг, кој под името Даниел Шмит беше портпарол на „Викиликс“ пред тивко да го напушти во септември.

„Тоа е проект од различен вид. Не се натпреваруваме и тој не треба да се разбере како конкуренција на ’Викиликс‘“, изјави Снорасон, не сакајќи да го соопшти името на новата веб-страница.

Додека „Викиликс“ собира документи и ги објавува на својата страница, новиот проект ќе биде „сигурно засолниште каде што луѓето ќе можат да прашаат за информација без нивниот идентитет да се поврзе со содржината“.

Снорасон нагласи дека новиот проект „не е личен напад против Џулијан Асанџ или ’Викиликс‘“ и дека многу брзо ќе почне со работа, не откривајќи колку луѓе ќе учествуваат во него. (МИА)

 

 


#
Статијата е прочитана 1681 пати.

Испрати коментар

Од: Klucalka
Датум: 02.12.2010 13:51:43
Blagodarenie na Asanz i Wikileaks site mali obicni lugje stanavme istroricari pred da dojde vremeto za toa.So nego ne treba da pominat 50-100 godini za eden dokument bide objaven.Golemite Ameri da ti bile mali gmizavci koi svojot benefit go gradele na tugja nesreka(dali apcinja piela argentinskata pretsedatelka i koj e DNK profilot na Ban Ki Mun)ne e relevantna info, osven ako nemas skriena agenda.Edno e sigurno: carot e gol i nisto nema da bide kako porano!
Од: Putin
Датум: 02.12.2010 13:52:45
Koga covekot gi razoblici site do daska i na svetot mu pokaza koi se "svetski sili" go vladeat i so kakvi valkani igri se koristat, togas jaso e deka ke go brkaat ziv ili mrtov. Da go brkaa za politicki celi ke mozese da bara azil kaj saka, a vala lukavite mu nalepija siluvanje za da moze da go gonat. Toa ti e, kontrola na cel svet a nie spieme.
Од: xxL from Prilep
Датум: 02.12.2010 16:45:04
koj ve laze deka tragaat po nego? Pa znaat britancite deka e na jugoistok vo Anglija.I so e najinteresno,ne go apsat!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Прво нов закон, па потоа ќе играме ЈУ-лотарија
Раскошно музичко доживување
Партиска биографија
Здравството скапува
Фарса или избор за домаќинство на СП 2018 и 2022 година
Русија домаќин на Мундијалот во 2018, а Катар во 2022
Еван Мекгрегор одлично се бакнува
Обвинителството на тест
Брисел ќе праша каде оди Македонија
За државата и десерт, а општините на диета
Италија по 13 години, пак ќе запее на „Евросонг“
Политиката на негативизмот
Карикатура
Во Кратово реставрирана Симиќева кула
Енергија
Ливерпул и ПСЖ пројдоа во Лига Европа
Стил
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars