Број 3447  четврток, 02 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

За државата и десерт, а општините на диета

Нема рамноправност во распределбата, 90 проценти од јавните приходи се трошат на централно ниво, а само 10 отсто на локално

Катица Чангова


Државата добива обилен оброк и плус десерт, а голем дел од општините се принудени да држат диета и да гладуваат. Потврда за финансискиот дисбаланс е тоа што деведесет проценти од јавните приходи се трошат на централно ниво, а само 10 отсто на локално ниво. Така силно изразени апетити немаат ни најдецентрализираните земји каде што постои рамнотежа во распределбата. Со 60 проценти од јавните пари, општините во скандинавските држави имаат далеку подобри фискални капацитети.

„Општините добија голема листа надлежности од државата, но не и пари за да ги имплементираат. Всушност, состојбите личат на потребата со малку храна на масата да се најаде едно големо семејство, мајката со нејзините 85 деца - 84 општини и градот Скопје. Иако е повеќе од јасно дека нема доволно јадење за сите, некои деца добиваат солиден оброк додека мајката упорно го добива најголемиот и највкусен дел, вклучувајќи и десерт. Многу од децата остануваат без каков било оброк или се благо речено недоволно нахранети“, коментира Ѓорѓи Христов од Центарот за развој на локална демократија.

Ова може да се демонстрира со капиталните дотации за 2008 кога само три општини, Центар, Битола и Прилеп, добиле 75 проценти од вкупните пари за оваа намена. Најбогатата општина во државата, скопската Центар, (според вкупните приходи на жител) е најпривилегираната, бидејќи 50 отсто од капиталните инвестиции - 440 милиони денари легнале на нејзина сметка. Тоа не е ништо невообичаено ако се знае дека токму на подрачјето на Центар се реализира проектот „Скопје 2014“.

За некои општини државата е дарежлива мајка, а за други злобна маќеа, заклучуваат аналитичарите. Донесувајќи одлуки за капитални инвестиции, државата се' уште ги држи конците во раце. Типичен пример за тоа е што Министерството за транспорт купува автобуси наместо да го прави тоа градот Скопје. Каква е таа автономност и независност на локално ниво кога Владата и министерствата на општините и градот Скопје им купуваат автобуси, училишни клупи, градат спортски сали, фудбалски и тениски терени, реновираат санитарни јазли... Ваква практика не зборува за успешна имплементација на децентрализацијата. Напротив, поттикнува партизација на локалната власт, нивна сервилност и послушност кон централната власт што на крај води кон централизација или пак кон „централизирана децентрализација“.

Станува збор за обратен процес во одлучувањето што не се однесува само за распределбата на парите, туку и за одредување на приоритетите на локално ниво. Затоа се стекнува впечаток дека локалните самоуправи или се во функција да реализираат политики на централната власт или владејачката политичка опција на тие раководства е блиска со онаа на централната власт.

„За жал, но и за несреќа, нема единствени и магични решенија како да се направи ова, а уште помалку како да се направи бргу и едноставно. Протекционизмот може да се избегне со методологија за распределба на пари која заеднички ќе ја изработат надлежните државни институции со локалните самоуправи. Тоа не е лесно да се направи, но е единствен начин за рамноправност“, оценува Христов. Тој вели дека децентрализацијата тече, но дека е прашање дали динамиката на тој процес е задоволителна. „Трансферот на надлежности од централно на локално ниво се одвиваше бавно и се' уште оди бавно. Државата не ги предаде целосно функциите на општините без да се меша во тоа. Не може да се зборува за самостојна локална власт ако не е обезбеден основниот услов финансии“, оценуваат експертите од Центарот за развој на локална демократија.

Општините потврдуваат дека имаат проблеми со пари. ��ие остваруваат приходи, но не можат сами да ги решат проблемите во инфраструктурата.

„За инфраструктура, патишта, водоводни и канализациски системи се потребни милиони евра и никогаш нема да ги има доволно“, нагласува градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски. На првата позиција во Кратово тој е втор ��андат и смета дека приходите што ги добива општината се доволни за образованието, социјалата, културата.

Што се однесува до малите, рурални општини, тие се' уште мака мачат со долгови и со блокирани сметки. Градоначалникот на Лозово, Орце Цветковски, вели дека општината со 2.900 жители и 11 населени места од почетокот на наредната година ќе влезе во втората фаза од децентрализацијата. „Речиси 20 месеци се бориме со блокирана сметка. Долговите ги врзаа рацете. Станува збор за 14 милиони денари долг, а општинскиот буџет е 8 милиони денари“, објаснува Цветковски. Шансата за подобар економски развој во Лозово ја гледаат со најавата за преземање на градежното земјиште од јули 2011.

„Во Лозово еден работи, а двајца се невработени. Ако го имаме земјиштето, тогаш можеме да се надеваме на инвестиции, но и на отворање работни места“, вели Орце Цветковски.


#
Статијата е прочитана 943 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Цел свет трага по газдата на „Викиликс“
Прво нов закон, па потоа ќе играме ЈУ-лотарија
Раскошно музичко доживување
Партиска биографија
Здравството скапува
Фарса или избор за домаќинство на СП 2018 и 2022 година
Русија домаќин на Мундијалот во 2018, а ��атар во 2022
Еван Мекгрегор одлично се бакнува
Обвинителството на тест
Брисел ќе праша каде оди Македонија
Италија по 13 години, пак ќе запее на „Евросонг“
Политиката на негативизмот
Карикатура
Во Кратово реставрирана Симиќева кула
Енергија
Ливерпул и ПСЖ пројдоа во Лига Европа
Стил
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars