Русија домаќин на Мундијалот во 2018, а Катар во 2022
(03.12.2010г.-10:14ч.) Извршниот комитет на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) вчера реши Русија да биде домаќин на Светското фудбалско првенство во 2018 година, а Катар на Мундијалот во 2022 година, соопшти првиот човек на ФИФА, Сеп Блатер. Кандидати за домаќин на светскиот фудбалски собир во 2018 година беа и Англија, како и заедно Шпанија и Португалија и Белгија и Холандија, додека за организација на Првенството во 2022-та претендираа и Јапонија, Јужна Кореја, Австралија и САД. Следното Светско фудбалско првенство ќе се одржи во 2014 година во Бразил.
|