Број 3447  четврток, 02 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Во Кратово реставрирана Симиќева кула


(03.12.2010г.-10:09ч.) Музејот на град Кратово и општината во соработка со Германската амбасада од Скопје во вторник свечено ке ја пуштат во употреба Симиќевата кула во Кратово.
Изминатите три години со средства од Министерството за култура, општината и Германската амбасада извршена е конзервација и реставрација на кулата. Кулата за чија реставрација се вложени 1.500.000 денари ќе може да ја посетуваат туристи, информира директорот на Музејот на град Кратово, Драган Георгиевски.
Средновековните кратовски камени кули за кои се уште постои дилема за периодот за нивното градење, му даваат средновековен лик на градот. Кулите претставуваат еден вид на станбено-одбранбени објекти кои служеле за живеење, но и за заштита. Покривот е со благ наклон и покриени со камени плочи. Влезните врати се тешки, изработени од трајно дабово дрво, обложени со железен лим, а прозорците имаат железни решетки изработени од ковано железо и анкровани во камениот ѕид. На долните катови постојат мали отвори пушкарници - мазгали, кои воедно служеле и како прозорчиња за набљудување на околината. На горните спратови постојат специјални истусти за набљудување и правец од отворот кон доле кои функција за одбрана во евентуален напад. Кулите имаат подземи ходници за евентуално евакуирање.
Симиќева кула е највисоката и најубавата која се наоѓа во долниот и понизок дел на Сарајска маала. Таа е подигната на квадратна основа по целата нејзината височина и надворешни димензии од 7,85 на 7,85 метри. Измерено од понискиот јужен дел до внатрешната највисока плафонска точка на сводот, висината на Симиќевата кула изнесува 21,80 метри. Нејзиниот источен влез денес постои како затворен (заѕидан) и на него налегнува подигната од порано семејна куќа. Поради тоа постои новоотворен влез од спротивна страна, западната страна на кулата. (МИА)



#
Статијата е прочитана 377 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Цел свет трага по газдата на „Викиликс“
Прво нов закон, па потоа ќе играме ЈУ-лотарија
Раскошно музичко доживување
Партиска биографија
Здравството скапува
Фарса или избор за домаќинство на СП 2018 и 2022 година
Русија домаќин на Мундијалот во 2018, а Катар во 2022
Еван Мекгрегор одлично се бакнува
Обвинителството на тест
Брисел ќе праша каде оди Македонија
За државата и десерт, а општините на диета
Италија по 13 години, пак ќе запее на „Евросонг“
Политиката на негативизмот
Карикатура
Енергија
Ливерпул и ПСЖ пројдоа во Лига Европа
Стил
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars