Број 3439  вторник, 23 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Свет

Папата ќе поднесе оставка ако снеможи

Изненадувачка искреност на 83-годишниот Бенедикт Шеснаесетти

ВАТИКАН - Папата Бенедикт истакна во новата книга дека нема да се двоуми да стане првиот папа што доброволно ќе поднесе оставка во повеќе од 700 години, доколку се чувствува „физички, психолошки и духовно“ неспособен да ја води црквата. Со изненадувачка искреност 83-годишниот Бенедикт ја најави можноста за која претставниците на Католичката црква не сакаат да разговараат, бидејќи тоа би можело да ја отвори доктриналната кутија со црви.

Книгата „Светлината на светот: папата, црквата и знакот на времето“ досега се најде во насловите поради претпазливото отворање на папата за употребата на кондоми со цел да се спречи сидата. Меѓутоа, книгата, исто така, содржи многу лични размислувања за здравствената состојба на Бенедикт, неговата секојдневна рутина и неговата иднина.

„Да, ако папата сфати дека веќе физички, психолошки и духовно не е способен да ги спроведува должностите на својата функција, тогаш тој има право и, според некои околности, исто така, обврска да поднесе оставка“, вели новинарот Питер Зивалд, германски католик.

Последниот папа што доброволно поднесе оставка беше Целестин Петти во 1294 година по владеење од само пет месеци. Грегориј Дванаесетти абдицираше против своја волја во 1415 година за да се оконча спорот со ривалскиот претендент за Светата столица.

Во почетокот на годината, кога Ватикан го зафати нов бран скандали со сексуална злоупотреба, имаше повици Бенедикт да се повлече, но тој истакнува во книгата дека нема да „побегне“ во време на криза. „Може да се поднесе оставка во мирна доба или кога некој едноставно не може да продолжи“, вели тој.

Бенедикт е во релативно добра здравствена состојба, но во книгата признава дека силата му се намалува. „Секако, понекогаш сум загрижен и се прашувам дали можам да го остварам тоа дури од чисто физички поглед“, вели тој за својата сила за време на патувањата.

Починатиот папа Јован Павле, чија здравствена состојба се влоши во последните години од животот, размислуваше да се повлече, но тогаш му кажал на еден лекар дека во црквата нема место за почесен папа. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 582 пати.

Испрати коментар

Од: sale
Датум: 23.11.2010 23:27:59
papata e najgolem MAFIOZO!!!

Најди! во Утрински
Свет
Крај на ирското „економско чудо“
Има ли надеж за рударите во Нов Зеланд
Полиција го брани градот на УНЕСКО
Дејтон 15 години подоцна
Се пофали дека не работи и поднесе оставка
 


New Hungarian media law proves controversial
Opposition calls for early elections in Macedonia
Croatian to become 24th EU language