Број 3439  вторник, 23 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Свет

Има ли надеж за рударите во Нов Зеланд

Спасувачите нема да се откажат од напорите за извлекување на 29 затрупани по експлозијата во петокот

ГРЕЈМАУТ - Армијата вчера се подготвуваше да испрати робот во рудникот за јаглен во Нов Зеланд каде што токсичните гасови ги спречија спасувачите да тргнат по 29 рудари, кои веќе три дена се водат за исчезнати, иако официјалните лица првпат признаа дека можеби е предоцна за да бидат спасени. Официјалните лица инсистираа на тоа дека нема да се откажат од надежта за извлекување на луѓето живи по силната експлозија, која се случи во рудникот Пајк Ривер на Јужниот Остров во петокот. Зголеменото количество метан се претпоставува дека е причината за експлозијата, додека пак, официјалните лица наведоа дека тоа не ќе може да биде потврдено најмалку уште неколку дена.

Метанот и другите токсични гасови, за некои од нив се верува дека доаѓаат од огнот што тлее длабоко под земјата, се забележани во мрежата на тунели, кои се раширени низ планината, и официјалните лица стравуваат од друга експлозија ако спасувачите влезат во рудникот. „Ние се' уште сме оптимисти, се' уште ги разгледуваме сите опции“, изјави полицискиот началник Гери Ноулс пред новинарите. „Меѓутоа, правиме планови за можна загуба на животи како резултат на она што се случило под земја“.

Властите се очекуваше вчера доцна попладне да го завршат ископувањето на 160 метри долг и 15 сантиметри широк отвор во тунелот во рудникот за да се добие подобра слика за квалитетот на воздухот во областите каде што се верува дека се затрупани рударите по експлозијата. Официјалните лица, исто така, ќе спуштат ласерска камера со висока резолуција низ отворот што ќе им овозможи на спасувачите да добијат слика за условите под земја, и потенцијално за луѓето таму, вели Џон Доу, претседавач на „Пајк Ривер Коул лтд.“, сопственик на рудникот. „Откако ќе го направиме тоа, нема да трае долго пред да знаеме каква е атмосферата“, вели тој.

Во меѓувреме, армиски специјалци пристигнаа во рудникот подготвувајќи го роботот што вообичаено се користи од тимот за деактивирање бомби со камера и, 2,5-метарски фибер оптички кабел за да биде испратен во тунелот и да ги провери условите и да направи видеоснимки. Меѓутоа, роботот кој работи на батерии може да функционира само на чист воздух па не може да биде испратен во рудникот додека не се исчисти воздухот. Исто така, во тек се проверки за да се осигури дека роботот нема да предизвика искра или нешто друго што би можело да ги запали лесно запаливите гасови во рудникот.

Двајца работници излегоа од рудникот неколку часа по експлозијата во петокот, меѓутоа, нема никаков контакт со 29-темина што се водат за исчезнати. Телефонот, кој се наоѓа длабоко во земјата, со денови ѕвони, но никој не се јавува. (АП)


#
Статијата е прочитана 490 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Папата ќе поднесе оставка ако снеможи
Крај на ирското „економско чудо“
Полиција го брани градот на УНЕСКО
Дејтон 15 години подоцна
Се пофали дека не работи и поднесе оставка
 


New Hungarian media law proves controversial
Opposition calls for early elections in Macedonia
Croatian to become 24th EU language