Број 3422  среда, 03 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Култура

„Хамлет“ на Драмски ќе гостува во Бугарија

Од 4 до 6 ноември претставата „Хамлет“ на Драмски театар во режија на Дејан Пројковски ќе гостува во Бугарија. По успешното гостување на „Хамлет“ во Англија, ова ќе биде второ претставување на македонскиот „Хамлет“ надвор од нашата земја.

Гостувањето во Бугарија се реализира на покана на бугарската национална установа „Драматично куклен театар“ од Пазарџик, а ќе се одвива во рамките на Меѓународниот театарски фестивал „Есенски театарски средби 2010“ во Пазарџик. Предвидено е да се одржат две претстави, и тоа на 4 ноември во „Театарот на бугарската армија“ во Софија, кој се смета за еден од трите најпрестижни театри во Бугарија, а на 5 ноември во Пазарџик.

Претставата на Драмски театар својата премиера ја имаше на годинешното „Охридско лето“, за веднаш потоа да замине на гостување во Англија, во земјата на Хамлет и Шекспир, каде што помина одлично. „Хамлет“ веќе е на редовниот репертоар во Драмски театар. Улогата на Хамлет овој пат ја игра Дејан Лилиќ, додека Офелија е младата Викторија Степановска.

„Денес не е проблемот да се биде или не, денес проблемот е да се Биде. И тоа, како да се биде, зошто да се биде, наспроти се', поради кој и како да се биде?“, да потсетиме на стожерот околу кој се врти постановката на режисерот Дејан Пројковски, кој вели дека денес да се биде значи да си фрлен во една „заедничка“ цивилизација која несомнено го носи страдањето, осаменоста, предавството, лудилото, бедата. Очигледно дека ваквиот приод, кој во Англија беше препознаен како ангажиран, помина одлично кај пребирливата британска публика. Хамлет беше и е предизвик, а покрај Лилиќ и Степановска, улогите во новата претстава ги играат и: Бранко Ѓорчев како Клаудиус, Драган Спасов како Полониус, Розенкранц и Гилденстерн ги играат Игор Ангелов и Никола Ацевски, Гертруд е Катерина Коцевска, а духот на таткото на Хамлет е Лазе Манасковски. Музиката ја подготви Горан Трајковски, а сценографијата и костимографијата се на Владо Ѓоревски и Благој Мицевски. (С.У.)


#
Статијата е прочитана 512 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
„Месечеви приказни“ на Рубенс Корубин во КИЦ
„Девојчето што бере тутун“ номиниран за наградата „Јулијане Бартел“
Методија Фотев добитник на наградата „Дијалог“
Две нови книги од Гоце Ристовски






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis