Број 3422  среда, 03 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Култура

„Месечеви приказни“ на Рубенс Корубин во КИЦ

Во двата салона „Империјал“, вечерва со изложба на слики и цртежи, авторот ќе одбележи три свои јубилеи

Катерина Богоева

Сликарот Рубенс Корубин, кој пред 30 години во Културно-информативниот центар ја имал својата прва изложба, вечерва во истиот простор, но во меѓувреме реновиран, ќе и' ја понуди на публиката својата јубилејна изложба на слики и цртежи под наслов „Месечеви приказни“. Отворањето е во 20 часот, во двата салона Империјал 1 и 2, а еминентниот автор со неа ќе одбележи и 35 години од првата изложба во ДЛУМ и 25 години брак, јубилеј што го смета, исто така, за важен за своето творештво.

Вчера, додека делата беа поставувани во салоните, низ разговор Корубин ни откри дека се' уште не изложувал во повеќе градови во земјава, како што се, на пример, во Битола, Струга, Кавадарци, Гевгелија, Велес и други.

„Голема е Македонија ако одите пеш, ако носите слики со вас. Мислам дека е многу потребно и пожелно да постои пренос на содржината и на енергијата на она што го правиме. Но, единствена мала препрека е самата организација на изложбите, заштитата, транспортот на делата, соодветниот простор за изложување, нивната безбедност. Ако постојат услови како во КИЦ, секаде би изложувал и во село ако треба“, рече Рубенс Корубин, потенцирајќи дека во последно време не е многу упатен како изгледаат изложбените простори во земјава. „Бидејќи многу центри се реновираат, веројатно е направено нешто повеќе, но немам јасна претстава каде и што е направено“.

Сликарот, кој дипломирал и магистрирал на Факултетот за ликовни уметности во Белград, во класата на проф. Младен Србиновиќ, а бил на студиски престој во Париз во Л’ Еcole des Beaux Arts, кај проф. Јанкел, е носител на вредни награди. Денеска работи како редовен професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

Вечерва ќе се претстави со 30 слики и цртежи создадени во последните десет години и со неколку необјавени дела од подоцнежниот творечки опус. Наедно ќе биде промовирана и книгата „Месечеви приказни“ со репродукции од неговото ликовно творештво и со два есеи од Иван Џепаровски и Кирил Пенушлиски.

„Ја изложувам мојата последна продукција, која трае повеќе години. Некои слики се работени неодамна, а некои со прекини повеќе години наназад. Има еден мал исчекор во целата оваа продукција, една слика од 1979 година што не била изложувана досега, но ја сметам за иницијална во оваа ѕвездена патека што ја работам. Таа е исклучок, ексклузивитет. Ја изложувам од идејни причини и од респект, затоа што е исчекор во еден мој меланхоличен правец“. Корубин на оваа изложба ќе презентира дела работени во акрилик и масло на платно, но и дела работени на стакло, во комбинирана техника.

Авторот подолго време негува препознатлив, силен ликовен јазик во кој се испреплетуваат мотив од различни времиња, а се надева дека допрва ќе го развива и со него ќе допре и до други височини. „Негувам форма за која мислам дека е многу сериозна и овозможува да го изразам она што сакам да го кажам и на емотивен и на содржински план. Убавината на модерното време е што дозволува паралелно да постојат многу опции, а тоа ги прави и уметноста и животот поинтересен. Да сте уметник, на пример, од времето на Византија, би требало да сликате само икони. Сега можете да бирате, бидејќи ние, луѓето, колку што сме слични меѓу нас, толку сме и различни. Секој с�� наоѓа и во медиумот и во јазикот и во формата“.

Обемниот каталог книга „Месечеви приказни“, потенцира авторот, содржи дела од неговата рецентна продукција и селекција на постари дела. „Многу ми беше мило да соработувам со Иван Џепаровски и Кирил Пенушлиски, кои ги вложија својот талент и знаење да напишат убав збор за мене. Тоа, всушност, на некој начин ме збогати“.

Во есејот под наслов „Назад кон убавината“, Иван Џепаровски, меѓу другото, пишува: „Надвор од актуелните тековни постмодерни состојби на македонската ликовна сцена, делото на Корубин како да е апартна појава што комуницира внатре себеси со сопствените светови, во целина посветени на хармонијата и на убавината“.


#
Статијата е прочитана 459 пати.

Испрати коментар

Од: Dubravko
Датум: 03.11.2010 16:50:32
Bravo Rubens...i bravo Lile. Uste mnogu mnogu izlozbi i jubileji. Pozdrav od Toronto

Најди! во Утрински
Култура
„Девојчето што бере тутун“ номиниран за наградата „Јулијане Бартел“
„Хамлет“ на Драмски ќе гостува во Бугарија
Методија Фотев добитник на наградата „Дијалог“
Две нови книги од Гоце Ристовски






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis