Број 3097  вторник, 29 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Забава

ШАРЛИЗ ТЕРОН

„Оскарoт“ гo чува во тоалетот

Убавата актерка Шарлиз Терон признала дека престижните златни награди ги чува во тоалетот, а исто место за своите титули избрале и Кејт Бланшет, Кејт Винслет, Сем Мендес и Ема Томпсон.

Духовитата Шарлиз, која во 2003 година за улогата во филмот „Чудовиште“ доби „оскар“, открила дека своите статуетки ги чува во најмалата просторија во куќата, во тоалетот.

„Тоа е бањата што ја користат сите кои доаѓаат кај мене дома. Многу луѓе реагираат и велат: Штотуку поминав покрај ’оскарот‘, на што јас одговарам: „Знам, зарем тоа не е прекрасно. Некако ми се чинеше дека тоа е најдоброто место за него“, изјавила Терон, на која очигледно не и' недостасува смислата за хумор.

Но, таа не е единствена што „оскарите“ ги чува на толку необично место. Тоалетот е одлично место за чување на „оскарите“ и за Кејт Винслет и Кејт Бланшет.

Британската актерка Ема Томпсон има два „оскари“, кои ги чува во тоалетот на долниот кат од куќата, но морала да ги премести откако сопругот Грег Вајс ја замолил да го направи тоа, за на нивно место да ги изложи делата на нивната ќерка.

„Сега ги чувам во мојата канцеларија. Пред тоа беа во тоалетот на приземјето, но мојот сопруг се побуни. Сега тоалетот е преполн со нештата кои ги изработила мојата ќерка“, изјавила Ема.


#
Статијата е прочитана 558 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Забава
Дегутантен воајеризам во реалните шоуа
АУТФИТ - најдобар начин како да носите сино оваа есен
Хесус ќе стане господин Мадона?
Мрази диети, но сака да изгледа како Никол Ричи
Супермоделките се вратија за „Долче и Габана“
„Макфест“ на 19 декември под закрила на Општина Штип