НАОМИ, КЛАУДИЈА И ЕВА
Супермоделките се вратија за „Долче и Габана“
Иако се на прагот на 40-тите години, сепак, најпознатите светски манекенки изгледаат двојно помлади. Тоа најдобро се гледа на рекламната кампања за новиот парфем на „Долче и Габана“ , за чија намена Ева Херцигова, Наоми Кемпбел и Клаудија Шифер ги фрлија сите крпчиња од себе. Сите три блеснаа на модната недела во Милано и со својата појава ги засенија своите далеку помлади колешки.
Манекенките се појавија на промоцијата на парфемот „Антологија“ на „Долче и Габана“, каде што се заштитни лица, а со бели маички, црни сакоа и фармерки изгледаа блескаво. Колекцијата на овој парфем претставува комбинација на пет мириси, а секој од трите носи име на некој од знаците на тарот- картите и ќе биде претставен од друг модел.
„Ги избравме Наоми, Клаудија и Ева, бидејќи тоа се модни икони не само за младите, туку и за повозрасните жени“, изјавила дизајнерската двојка. |