МАДОНА
Хесус ќе стане господин Мадона?
Според некои известувања, Мадона своето младо бразилско момче, со кое се забавува девет месеци, пред крајот на оваа година ќе го направи господин Мадона.
Оваа неочекувана информација пристигнала од биографот на поп-кралицата Ренди Тараборели. Тој отворено зборувал за љубовта на Мадона кон дваесетгодишниот манекен Хесус Луж. Мадона наводно за Луж рекла: „Тој е толку сладок. Постојано ми се јавува за да дознае што правам. Веројатно и јас треба тоа да го правам. Но, ме знаете мене. Мислам дека тој сфаќа дека јас сум егоцентрична“.
Поп-кралицата се забавува со Хесус од јануари и, според се', парот ќе се венча пред крајот на годината. Ренди додал: „Мадона сака уште една раскошна церемонија. Таа не сака да го направи тоа тајно.
Тараборели, исто така, ги цитирал и пријателите на Мадона. „Тој ја почитува и тоа е на број еден. Младиот манекен е воодушевен како Мадона успева добро да се справува со својата кариера и со мајчинството. Но, исто така, тој разбира дека Мадона е егоцентрична. Секако дека сексот меѓу нив е жежок. Да бидеме искрени, тоа е она што не' поттикнува на се'“, изјавил Тараборели. Мадона двапати беше во брак. Првиот брак и' беше со актерот Шон Пен, а вториот со режисерот Гај Ричи. |