Владата појаснува зошто бил тужен професорот Фрчкоски
Сегашниот премиер, а тогашен министер за финансии Никола Груевски никогаш не потпишал анекс на договор со „Окта“, ниту во 2000 година, како што обвини и наклевети Љубомир Д. Фрчкоски, ниту пред ниту потоа. Тужбата до Фрчкоски се однесува токму за ова обвинување и клевета изнесени во неговата колумна, соопшти завчера Владата, појаснувајќи ја тужбата која ја поднесе премиерот против професорот на Правниот факултет во Скопје.
„Тужбата и клеветата од текстот на Љубомир Д. Фрчкоски не се однесува на прашањето дали е склучен штетен договор и дали е тоа направено од глупост, корупција или двете заедно, туку поради тврдењето дека „за утврдување на монополските погодности на ’Окта‘ е критичен еден од анекс-договорите склучен од Владата во 2000 година, кој не е доставен за увид на парламентот, а кој го има потпишано тогашниот министер за финансии, а сегашен премиер. За содржината на тој анекс, која можела да биде најразлична (дури и независно од основниот договор), а која е мошне штетна за нас, директно се одговорни премиерот и потпишаниот министер“, се наведува во соопштението испратено до медиумите. Фрчкоски завчера беше осуден за клевета, навреда и омаловажување на премиерот со колумната насловена „’Окта‘ визави Кољо Дијамантот“, која беше објавена минатата година во весникот „Дневник“.
ne mi e jasno sto ima vladata da pojasnuva privatna tuzba neli e privatna. vtoro ne sme maloumni znaeme za to stanuva zbor, ne znaeme samo sto e vistinata za okta, toa treba da ni pojasnat. valjda pojanuvanjevo doaga kako rezultat na neuspehot na bumbarkata da sobere bumbari vo prilog na preudata osven dva trojca stalni musterii so gi vklucija i procitaa tekst slabo bese. posramno zdravje
Од: VMK
Датум: 24.12.2008 01:00:39
Ве молам да објавите,се прашувам,а немам некое правно познавање,нели во овој случај е оштетен човекот по име „Кољо Д....“ и тоа мислам и од тужителот и од тужениот...Неговата личност е земена како нешто погрдно,не го знам тој човек,еднаш имам видено нешто збори на грчки,ама не разбирам,па така не знам каква личност е...Но,без разлика на тоа каква личност е мислам дека и тужителот и тужениот треба да му платат подебела оштета на тој човек КД,пошто незнам како се презива некое грчко презиме...Па господине дотичен уште утре појдете на адвокат мислам дека имате право Вие како оштетена странка и тоа од двајцата да биде обештетен и мислам дека треба да му се извинат...Нека се јави со коментар некој правник молам....Позз.
Од: USA
Датум: 24.12.2008 01:45:21
Po se izgleda deka vie od vladata ne mislite nas deka sme maloumni.Prvo sto majka bara vladata da dava objasnuvanje zosto Grujo tuzi belki ne e vladata privatna ako stvarno tuzbata e licno"privatna" od Grujo.Vtoro koj bese onoj sudija sto ja izrece presudata dali ima lice ili e gon.So tanko piskavo glasce izrecitira sto mu bese nalozeno od "neutralnata" nasa vlada i ostana ziv.Dosta Grujo glumis postenje i patriotizam zemi svesti se da ne dojdi red narodot da te svesti onaka kako vo Atina.Si potpisal aneks za Okta toa site go znaat i sto se pravis sega na "budala".Podobro e da se napokries i da molcis bidejki ako pocnat da ti gi razotkrivaat lajnenicite sto gi imas praveno i gi pravis ne ti bega dozivoten zatvor.A i tie okolu tebe sto se naredeni kako sto veli Frcko kako ukrasna ikebana neka gi mrdnat glavite ne im se samo za strizenje.
Од: Кавадарци
Датум: 24.12.2008 01:49:33
Како и обично Вие ништо не сте разбрале, па нели се работи за анекс кој наводно бил потпишан додека Груевски бил министер затоа Владата појаснува. А за самозваниот експерт казната е минимална, за сите негови колумни и поучни совети кои ги дели на сите страни досега требаше да го затворат доживотно.И оставете го веќе едаш Груевски намира единствено тој се труди да и помогне на оваа држава. Срамота е да плукате на се што е добро. А и за кого за еден вулгарен преварант кој дели правда со тупаници.
Од: Robert 3
Датум: 24.12.2008 06:33:38
VMK-Koljo Dijamantot moze da go tuzi Frckovski-zatoa sto negovoto ime i (prekar)beshe zloupotrebeno od Frckovski.Sekako liceto Koljo Dijamantot-ke mora da pokrene privatna tuzba protiv Frckovski-ako smeta deka negovata reputacija e narushena so kolumnata na Frckovski "OKTA vizavi Koljo Dijamantot"koja bese objavena vo Dnevnik.Pozdrav
Од: irena
Датум: 24.12.2008 07:16:31
pa ednas za sekogas, bi trebalo i javno,vo najcitani novini, da se objavat dogovorite so okta a i so site drugi stranski i domasni i vladini kompanii za stetnite dogovori sto se skluceni vo ime na narodot. pa narodot neka si go kaze svoeto. pa neli demokratska drzava e makedonija. makedonija e sto godini daleku od demokratijata. i se dodeka takvi demokrati vladejat ke nema nikakov razvoj namakedonckiot narod.pokazete gi dogovorite i pokazete ki perite kolku vi platile za zdelkata st ste ja potpoisale vo ime na narodot.pa neli nas ni odzemaa po pola plata za razvoj i izgradba na yugoslavija,t.s.makedonija.prvo i prvo treba poreklo na parite od kade im e da gi kupat predprijatijata i fabrikite. prvo kradenite pari gi iznesoa nadvor a posle gi vnesoa kako investicija vnatre. pa gradsi kradi. i kolku teski milioni vo evra dobija site onija sto giprodadoa rafinerijatam elektrodistribucija i se drugo. abe glupani vie mislite nie spieme i glupi sme a parite vo stranstvo gi vlozuvate.se ke vi
Од: ОЛИ ЈУЛЧОВСКИ-Струмица
Датум: 24.12.2008 08:11:07
Добро бре Премиерче, Штом толку многу ти значи РЕЈТИНГОТ, собери храброст па покажи го на јавноста АНЕКСОТ од 2000 год. Тогаш пресудата против проф. Фрчковски ке добије на вредност. Но што ака, тој договор пости и Фрчковски ја зборувал вистината....Е ..КОЛЕ ..КОЛЕ..отвори го срцето барем еднаш кажи ја вистината. Не се секирај ,,КЛОНИРАНИТЕ,, Вмровци сепак ќе продолжат да те ЉУБАТ .
Од: rekanec
Датум: 24.12.2008 10:17:36
sto tuka ima vladata da se mesa za privatna tuzba.dane ja platila tuzbata i vladata aj ve molam .ne mesajte babi i zabi.
Од: acko
Датум: 24.12.2008 17:47:01
Graganite imaat pravo da ja doznaat vistinata.Nitu sudskata odluka,nitu ova doobjasnuvanje na vladata ,za koe patem smetam deka ne e na mesto, ne go doblizuvaat obicniot graganin do vistinata.Znaci dajteja vistinata imame pravo na nea biejki toa se nasi pari......